Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување организираше
специјализирана обука за противпожарна заштита за работниците за приватно
обезбедување во Народната банка на Република Северна Македонија, а со цел
унапредување на нивната подготвеност и безбедносни капацитети при евентуални
вонредни ситуации.
Оваа обука опфати повеќе аспекти од противпожарната заштита, вклучувајќи:
– теоретска едукација за ризици и мерки за заштита од пожари,
– практична обука за ракување со противпожарна опрема и гаснење на пожар,
– сценарија за евакуација и спасување во реални услови,
– основи за давање прва помош на повредени лица од пожар.
Обуката е дел од континуираните активности на Комората за поддршка и унапредување
на стручноста и професионалнoста во вршење приватно обезбедување. Со вакви обуки, се
засилува капацитетот на работниците за приватно обезбедување и се придонесува кон
зголемена ефикасност, брза реакција и заштита на безбедноста на лицата и имотот.