03.06.2025 – Меѓународна научна конференција “ Стратегии за безбедност и одбрана: критичен фактор за одржлив мир и национален развој”. 50 години, Институт безбедност, одбрана и мир, Филозофски Факулете, Скопје

По повод 50-годишниот јубилеј на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа меѓународна научна конференција на тема: Стратегии за безбедност и одбрана: критичен фактор за одржлив мир и национален развој”.

Конференцијата е посветена на истражување на безбедносните и одбранбените стратегии како критичен фактор за одржлив мир и национален развој, а се со цел да се цел да се придонесе за подобрена соработка по прашања од заеднички и стратешки интерес за успешно јакнење на институционалните капацитети за справување со безбедносните закани.

Претседателката на Комората м-р Верица Милеска Стефановска, која со својот долгогодишен и иклучителен придонес за равојот и унапредување на Институтот имаше свое поздравно обраќање при што истакнувајќи дека приватниот безбедносен сектор има јасна визија и заложба за континуирана професионализација, стекнување нови знаења и вештини и унапредување во работењето.

Leave a Reply