Конференција беше фокусирана на родовата еднаквост и зајакнувањето на жените вработени во приватното обезбедување преку:
Доделување на Политика за родова еднаквост во приватното обезбедување за 60 компании за приватно обезбедување.
Промовирање на 10 амбасадорки за родова рамноправност.
Доделување на сертификати за 40 учеснички во обука за лидерство и менаџмент за жени во приватното обезбедување.
Овој настан одбележи 25 години од донесување на првиот Закон за обезбедување на лица и имот.
Свечено обраќање во отворање на настанот имаа: Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски; Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот Павле Трајанов; претседателката на Комората за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска; Тимоти Онг, Директор за економски раст во УСАИД Македонија; Росица Тошевска од Консалтинг за стратешки развој.
Оваа конференција е дел од проектот „Зајакнување на жените за лидерство и менаџмент во приватното обезбедување-Пеперутка“ за кој Комората доби грант во рамки на USAID North Macedonia проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем„ (Business Support Organizations-Champions project), кој го имплементира Strategic Development Consulting