12.11.2024 – СВР КУМАНОВО, Работна средба

На 12.11.2024 год. во СВР КУМАНОВО, беше организирана работна средба помеѓу вршителите на дејноста приватно обезбедување, кои работат на територија на СВР Куманово, претставници од Комисијата за вршење на надзор и контрола, при Министерството за внатрешни работи, и Комората за приватно обезбедување.

Средбата имаше за цел воспоставување на директна комуникација помеѓу вршителите на дејноста и полициските службеници на територија на СВР Куманово во функција на квалитетна соработка и координација, заради вршење на професионално приватно обезбедување.

Leave a Reply