Во Белград во организација на Привредна Комора Србија се одржа Меѓународна
регионална конференција – „Јавно-приватно партнерство во приватниот безбедносен
сектор – предизвици, проблеми, зајакнување на ефикасноста во имплементацијата;
Приватна безбедносна индустрија во ЕУ и Југоисточна Европа“.
Претседателката на Комората на РСМ за приватно обезбедување м-р Верица Милеска
Стефановска во своето обраќање говореше на тема насловена “Приватниот
безбедносен сектор во Република Северна Македонија – предизвици, ризици,
перспектива…”, а подоцна зема учество на панел дискусија на тема “Приватна
безбедносна индустрија во ЕУ и југоисточна Европа.