Наша нова активност е проектот “Пеперутка-зајакнување на жените за лидерство и
менаџмент во приватното обезбедување”.
Со голем ентузијазам и одговорност ќе изработиме Политика за родова рамноправост во
приватно обезбедување; ќе креираме тренинг програма за менаџмент и лидерство за
жени во приватно обезбедување; ќе обучиме 40 жени за менаџмент и лидерство; ќе
избереме амбасадори за родова рамноправност во приватно обезбедување и многу
други активности.
Овој проект доби грант од USAID North Macedonia, во рамки на проектот “Активност за
јакнење на деловниот екосистем” кој го имплементира Strategic Development
Consulting .
На 26.04.2024 год. и официјално беа доделени сертификатите за 4-те
организации/грантисти, a во рамките на настанот „Афирмирање на женскиот потенцијал
во бизнисот“, меѓу другото, се одржа и панел дискусија за претставување на проектите.
Голема одговорност е да вложуваме во зајакнување на потенцијалот на жените во
приватното обезбедување и соодветно да ги адресираме сите предизвици, а се со крајна
цел да придонесеме за прогрес во компаниите за приватно обезбедување.