Комората за приватно обезбедување организираше Семинар за родови прашања во
приватниот безбедносен сектор „Портокалов цвет“ што се одржа на 27.11.2023 год. во
Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Семинарот „Портокалов цвет“
обедини повеќе од 100 жени вработени во приватно обезбедување, безбедносни институции,
професорки, студентки, претставнички од медиумите од областа на безбедноста и др. со цел
за зајакнување на капацитетите на жените во приватното обезбедивање и подигнување на
свеста за борбата против насилството врз жените и девојчињата.
Семинарот се организира во рамки на проектот „ПОРТОКАЛОВА ДЛАНКА“ –
Активизам против насилство врз жените и девојчињата, со цел за ефикасно и ефективно
обединување на секторот приватно обезбедување во активизам за подигнување на свеста
против секаква форма на родово базирано насилство во секторот приватно обезбедување,
кошто ќе ја поддржи глобалната кампања на УН Вомен „Orange the world”16 Дена активизам
против насилство врз жените и девојчињата.
Овој проект го реализира Комората за приватно обезбедување со поддршка на
Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Мисијата на ОБСЕ.