25.10.2023 – ПОРТОКАЛОВ ДЕН – Славјанка Петровска, Министерка за одбрана

Денешниот ПОРТОКАЛОВ ДЕН ја пренесува пораката од Министерката за одбрана Славјанка
Петровска за обединување во заеднички одговор „НЕ“ за родово базирaното насилство.

„Родово базираното насилство е примитивизам на кој мора да му се спротивставиме заедно и
одлучно. Институциите, но и целото општество мора да го препознае сторителот и соодветно да го
казни, а на жената која е жртва да и пружи рака, да ја заштити и да и помогне да закрепне и
физички и психички. Нула толеранција за секаков вид на родово базирано насилство и
дискриминација затоа што само така ќе можеме да создадеме свет во кој жената ќе може да го
реализира својот потенцијал.
И токму затоа, кампањата “Портокалова дланка” е одлична иницијатива во која се обединуваме
сите заедно да кажеме НЕ на родово базираното насилство.“

Проследете го видео обраќањето на Министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Leave a Reply