Денес е ПОРТОКАЛОВ ДЕН.
Во рамки на проектот „Портокалова дланка-обединети во активизам против насилство врз
жените и девојчињата“ на Комората за приватно обезбедување за овој четврт Портокалов
ден проследете ја изјавата на Младен Чадиковски, Претседателот на Здруженито на
новинарите на Македонија:
„Безбедноста на новинарите е една од примарните долгорочни цели на кои ЗНМ работи
изминатите години, а продолжува да работи и понатаму. Сметаме дека ова прашање е од
круцијално значење затоа што секој заслужува да се чувствува безбедно на своето работно
место. Работата на новинарите не е канцелариска што дополнително ги изложува на ризик,
посебно новинарките, кои што според нашите податоци се многу повеќе изложени на
вербален и физички напад. Родово базираното насилство доживеа експанзија со појавата на
онлајн медиумите, особено со појавата на социјалните мрежи каде што колешките
новинарки се жртви на вербален напад кој често пати вклучува закани по нивната
безбедност и закани по живот. За некого можеби тоа звучи безопасно бидејќи се случува на
компјутер, но никогаш не можеме да знаеме кога напаѓачот ќе ја помине црвената линија
од закана во реализација, односно кога онлајн нападот ќе стане офлајн. Токму затоа ЗНМ
смета дека промената во Кривичниот закон е навистина голем успех бидејќи сега нападот на
новинар се смета за напад на службено лице, што носи дополнителна заштита на колегите.
Ние имаме регистар за напад на новинари каде што забележува тренд на пораст на
нападите кон новинарки. Новинарките не треба и не смеат да бидат напаѓани само заради
фактот што си ја вршат професионално нивната работа. Што уште поважно, секоја напад
треба да се пријави бидејќи само на тој начин идните напаѓачи ќе се обесхрабрат да
делуваат повторно. Праксата на неказнивост мора и треба да се смени и ЗНМ не отстапува
од тоа. Токму затоа ЗНМ ја поддржува кампањата на Комората за приватно обезбедување.“