По повод одбележување на 09 декември-Денот на превенција Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје при Министерството за внатрешни работи изрази благодарност до Комората за приватно обезбедување и Претседателката м-р Верица Милеска Стефановска за поддршката и соработката што Комората и секторот приватно обезбедување активно ја манифестираат во јавноста, како преку конкретни активности за подигнување на свеста за превентивната безбедносна функција, така и за непосредното вклучување на вршителите на приватно обезбедување во превенција.