Предавач: Проф д-р Марјан Ѓуровски
Обуката ќе овозможи стекнување знаења и вештини за поефикасно и поуспешно функционирање, ќе се придонесе за разбирање на важноста на личниот развој и ќе се понудат конректни алатки и техники како да се работи на т.н. Growth mindset. Учесниците ќе се оспособат за препознавање на динамиката во тимот, тимските улоги, начините за подобро себе поставување во различни видови на тимови и со различни типови на членови. Обуката ќе се надоврзе со вештините за успешна комуникација, а ќе се обработи содржина за напредни вештини за трансформација на конфликти. Учесниците ќе бидат оспособени да препознаат и правилно да трансформираат конфликти со колеги и/или клиенти. Во последниот дел, фокусиран на подобрување на својата работа, ефикасност и успешното менаџирање на стресот учесниците ќе научат техники и вештини за подобро себеорганизирање, заштита на време од „крадците на време“ и другите предизвици во менаџмент на време, се во функција на зголемување на ефикасност на работењето. Преку подобрување на својата емоционална интелигенција учесниците ќе можат поуспешно да го управуваат стресот кај себе, но и да и помогнат на своите колеги и колешки.