Денеска 30.11.2022 Претседателката на Комората на РСМ за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска оствари работна средба со Претседателката на Одборот за акредитација со високото образование на РСМ проф.д-р Татјана Стојановска Иванова од Филозофскиот факултет и проф.д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје.
На состанокот беа разгледани повеќе можности за соработка во областа на едукацијата и обуката во функција на развој на секторот за приватно обезбедување и зголемување на јавната свест за нивно користење на услугите за приватно обезбедување и поголема безбедност на сите граѓани и во државата.