Комора на РСМ за приватно обезбедување реализира дводневна обука за менаџерскиот кадар на вршителите на приватно обезбедување со цел да се помогне да воведат ефикасен и ефективен систем на работење.
Обуката се очекува да го зајакне лидерството и да придонесе во креирање услови за креативно и сложно тимско работење. Со оваа обука ќе се оспособи раководниот кадар во секторот за приватно обезбедување за дирекно соочување со работните предизвици и зголемување на нивната работна ефикасност.
Специјализираната обука ќе опфати и практични вежби за градење капацитети за развој на работни вештини во областите: реалистично планирање, раководење со тимови, контрола и поддршка на вработени, продажба и преговарање, градење на квалитетен однос со клиенти и соработници, решавање на проблеми итн.
Преку обуката реализирана од проф.д-р Марјан Ѓуровски и проф.д-р Лазар Ѓуров се градат капацитети во креирање на стабилни компании и агенции од секторот за приватно обезбедување кои ќе бидат лесно присобливи на промените на пазарот. Обуката ќе помогне во креирање на квалитет кој ќе биде препознаен и признаен од заедницата.