Во рамки на свеченото одбележување 30 години приватна заштита и безбедност-30 години Хрватски цех на заштитари беше доделена благодарница за Комората на РСМ за приватно обезбедување за плодната соработка и заемна поддршка меѓу двете организации.
Во програмата на меѓународниот конгрес Претседателката на Комората м-р Верица Милеска Стефановска учестуваше во панел дискусија насловена „Улогата и иднината на приватната заштита и безбедност“.