На 30.03.2022 во Клуб на пратеници, Скопје Претседателката на Комората за приватно обезбедување потпиша Меморандум за соработка во борбата против радикализација преку интернет, а во рамки на ЕУ твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“.
Меморандум за соработка е склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија, од една страна и од друга страна: Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Агенција за разузнавање, Агенција за национална безбедност, Комора за приватно обезбедување, Агенција за млади и спорт, МаРнет, Македонски Телеком и А1 Македонија.
Основна цел на меморандумот ќе биде соработка во функција на адекватно справување со предизвици заради тероризмот и насилниот екстремизам, кои особено последниве две децении, се наметнаа како закани што ги надминуваат националните граници и претставуваат глобален безбедносен проблем.