На 23.03.2022 год. во Центарот за обука на МВР, во Идризово се одржа седница на Собрание на Комората за приватно обезбедување.
Покрај редовните, годишни активности, на седницата се обрати Лидија Петрова Мојсовска, началничка при МВР, член на Комисијата за контрола и надзор над работењето на Комората и правните лица кои вршат приватно обезбедување. Началничката пред членките го појасни работењето на Комисијата во текот на 2021 год. и истакна дека МВР очекува правните лица во континуитет да ги исполнуваат обврските пропишани со Законот за приватно обезбедување и да го унапредуваат своето работење преку вложување во стручност и професионализација.
Дневниот ред беше збогатен со промоција на најновите публикации во издание на Комората:
– студија „Јавна и приватна безбедност: координација и соработка“ која ја промовираше Проф д-р Оливер Бакрески и
– прирачник „Тактика на примена на стандардни процедури пост терористички напади“ од Проф д-р Злате Димовски.