Во периодот од 16.11.2020 год. до 20.11.2020 год. се одржа специјализирана обука за антитероризам и спречување на екстремен радикализам, која е организирана во рамки на ЕУ Твининг проектот „Зајакнување на капацитети за координација во превенција/борба против насилен екстремизам и тероризам“.
Оваа обука е наменета за претставници од приватниот безбедносен сектор во нашата држава и ја спроведоа претставници од италијанските карабинијери.
Во текот на 5 денови програмата на оваа обука опфати: вовед во тероризам, закани, профилирање, заштита на отворен простор, управување со кризи и големи настани, цивилите во превенција на напади, заложници, терористички напади, евакуација и др.