ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ, ДА ДАРУВАМЕ КРВ, ДА СПАСИМЕ ЖИВОТИ.
Во функција на продолжување на активностите на општествена одговорност на приватниот безбедносен сектор, воедно и заради поддршка во здравствениот систем во услови на пандемија на Корона вирусот Ковид 19, Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување во својата програма за работа за 2020 година имаше задача да организира СЕКЈУРИТИ СОЛИДАРНОСТ-КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА, Настанот се одржа на 16.10.2020 год. (петок), со почеток во 09.00 ч. во просториите на Комората.