На 23.09.2020 год. се одржа свечено отварање на конференцијата „Евро-атлански вредности во балканските држави“ во организација на Факултетот за безбедност, Скопје и фондацијата Xанс Зидел, кога свое обраќање имаше Претседателката на Комората м-р Верица Милеска Стефановска. Во таа прилика беше истакнато дека Евро-атланската перспектива на нашата држава претставува јасно изразена цел и врвен приоритет во градењето и спроведување на политиките и севкупното дејствување. Покрај реформите на политичкиот, економскиот и правниот систем неспорно е дека Евро-атланскиот интегративен процес ги опфаќа приспособувањата на безбедносниот систем.
Mакедонскиот безбедносен систем манифестира современ правец во безбедносната организација, со применлива поделба на државен и недржавен елемент. Во таа смисла евидентно е профилирањето на приватната безбедност како рамноправен стратешки партиципиент во стратегиите за унапредување и осовременување на националниот безбедносен систем, а прагматичноста на безбедносниот систем најочигледно се препознава преку соработката и координацијата на државните органи, приватните безбедносни актери, академската научна заедница и сите останати субјекти.