Комората иницираше сеопфатно истржување во дејноста со цел утврдување на актуелните состојби во приватниот безбедносен сектор во функција на натамошна континуирана надоградба и развој на дејноста приватно обезбедување во Република Северна Македонија и идно стратешко дејствување. Реализација на наведената сериозна и одговорна активност беше спроведена од страна на проф. д-р Марина Митревска, редовен професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот Факултет во Скопје, ангажирана во областа на безбедноста и проф. д-р Николина Кениг, редовен професор на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје, ангажирана во областите методологија, психометрија и статистика.