Претседателката на Комората м-р Верица Милеска Стефановска, заедно со Началникот на Генерал штабот на АРМ генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и Директорот на Агенцијата за разузнавање д-р Зоран Иванов учествуваше во академска дискусија на тема „Безбедносните предизвици на Република Северна Македонија пред и по членството во НАТО„ која се одржа во рамките на промоцијата на универзитетскиот учебник „Вовед во безбедноста„ и универзитетската монографија „Индекс на безбедност 2„ во издание на Факултетот за безбедност-Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер„.
На промоцијата покрај авторите д-р Цане Мојаноски и д-р Марјан Ѓуровски свое обраќање имаа и Директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер„ г-дин Јоханес Д. Раи и Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски.