На 27.03.2019год. Комората на РСМ за приватно обезбедување го промовираше своето најново издание, публикација од областа на приватната безбедност под наслов ,,Безбедноста низ призмата на приватната безбедност“ од авторите Оливер Бакрески, Стојан Славески и Живко Гацоски.
Приватната безбедност без сомнение е нов концепт кој се грижи за работите поврзани со заштита на имотот, на лицата и на работењето со што се постигнува поголема превенција и намалување на материјалните загуби заради осигурување на интересите на сопствениците, профитот и имотот од различни опасности. Ваквиот пристап упатува на општата генерализација дека приватната безбедност е фокусирана да одговори на структуралните ризици за лицата, за имотот и за работењето, преку примена на определени механизми на заштита за спроведување на најдобрата безбедносна практика во работењето. Во оваа дело прашањата за приватната безбедност се поставени интегрално во сите димензии за да се согледа сета нејзина сложеност и противречност. Тоа ќе овозможи да се согледа клучната улога што ја има приватната безбедност во однос на овозможување на идеална состојба во која што преовладува стабилност, сигурност и безбедност.