Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје на 13.3.2019 година, во Министерството за надворешни работи, организираше експертска дебата во рамки на проектот за значењето од заштита на критичната инфраструктура во Република Северна Македонија.
Целта на дебатата беше да се дискутираат и истакнат сите сегменти поврзани со заштитата на критичната инфраструктура, иницирање на активности за креирање на стратегија и носење на закон за заштита на критичната инфраструктура. На дебатата учествуваа и свое обраќање имаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки, проф д-р Марина Митревска, проф д-р Тони Милески, како и други еминентни професори, експерти од областа, како и пратеници од Собранието на Република Северна Македонија.