На 13.03.2019 год. во касарната Илинден, во Скопје се одржа свечено обележување на 38-годишнина од формирањето на Единицата за специјални задачи ‘Тигар’, при Министерството за внатрешни работи, кога припадниците на ЕСЗ ги демонстрираа своите вештини преку показна вежба на алпинистичкиот тим, заедно со хеликоптерската единица на МВР.
Во оваа прилика, на претседателката на Комората на РМ за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска и беше доделана Благодарница за успешна соработка и продонес во развојот на единицата ‘Тигар’.