Адриа секјурити самитот е годишен настан, кој се организира по четврти пат, како партнерство помеѓу националните организации за приватно обезбедување (струковите Комори) на 5 земји: Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Самитот претставува настан кога на едно место се собираат релевантните актери од сферта на приватното обезбедување заради размена на искуства и практики и споделување на нови знаења и технологии.
Во рамки на овогодинешниот самит, ќе биде организирана и конференција насловена „Актуелни состојби во приватното обезбедување во земјите од регионот“кога свое излагање ќе имаат претставници од европската организација за приватно обезбдување – CoESS (Confederation of European Security Services) и претседателите на коморите од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, а свое учество ќе земат и претствници од надлежните државни институции од Р.Словенија, како и од академската јавност.
Адриа Секјурити Самитот ќе претставува можност за поблиско запознавање со состојбите, трендовите и предизвиците во дејност приватно обезбедување во регионот и пошироко.