Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во работна посета на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување.
Претседателот на Комората го запозна Министерот Спасовски со состојбите, потребите и предизвиците со кои се соочува приватното обезбедување во Македонија, Стратегијата за развој на приватното обезбедување во Македонија и издавачката дејност на Комората.
Во текот на работната средба Министерот Спасовски ги посети центарот за обука на кадри од областа на приватното обезбедување и испитниот центар на Комората.