На 06.04.2017 год. во Загреб, во организација на Хрватски Цех Заштитара-струкова заштитарска комора, а со високо покровителство на Претседателот на Република Хрватска Колинда Грабар-Китановиќ и со покровителство на Министерството за внатрешни работи на Р.Хрватска и КоЕС беше организирана конференцијата „Приватна заштита 2017- Превенција-заштита-безбедност“.
Во тек на официјалната програма на конференцијата свое излагање имаше претседателот на Комората Верица Милеска Стефановска на темата Треин Бреин Софт.
Повеќе за конференцијата може да се најде на следната страна:
http://hcz.hr/nova/wp-content/uploads/2017/03/Konferencija-Privatna-zastita-2017-1.pdf
По повод 25 годишнина од основањето на Хрватски Цех Заштитара претседателот Лидија Рената Столица додели благодарница за успешна соработка со Комората на РМ за приватно обезбедување.