2024 Година

25.01.2024

Денес е ПОРТОКАЛОВ ДЕН.
Во рамки на проектот „Портокалова дланка-обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата“ продолжуваме да споделуваме пораки за нулта толеранција на родово-базирано насилство.
Проектот „Портокалова дланка“ иницираше активности на национално, но и на меѓународно поле, па во оваа прилика ја споделуваме изјавата од Претседателката на Хрватскиот цех на заштитари Лидија Столица.
Хрватскиот цех на заштитари отворено ја поддржува и презема иницијативата за подигнување на свеста против насилство врз жените и девојчињата и најавува дека на 17.04.2024 година во Загреб ќе организира конференција за вршителите на приватно обезбедување и други засегнати чинители на темата зајакнување на превенцијата во борбата против насилство врз жените и зајакнување на јавните политики за родова рамноправност.

25.02.2024

Violence against women in society still represents a serious problem that has negative consequences on mental and physical health, worsens the quality of life and reduces work performance.
Research on violence among women in the European Union showed that every third woman has experienced physical violence, every tenth has experienced sexual violence, and every twentieth has been raped.
That is why we must all work together, especially in the Slovenian private security industry, where more than twenty percent of women are employed, as a priority to strive for zero tolerance towards all forms of violence, including psychological violence.
The efforts and active operation of the Macedonian Chamber of Private Security in the campaign "Orange palm - united against violence against women and girls" is a valuable experience for us and a guide in our efforts to prevent physical and psychological violence against women.

25.03.2024

За денешниот „Портокалов ден“ проследете ја изјавата од Александар Недиќ, Генерален секретар на Здружението за приватно обезбедување при Стопанската комора на Србија.
“Насилството врз жените и девојчињата е злосторство кое државата и заедницата никогаш не треба да го толерираат.
Жртвите, сведоците и околината мора да препознаат и гласно да реагираат, да пријават и да го осудат секој облик на насилство.
Приватното обезбедување мора да испрати јасна порака за нулта толеранција за родово базирано насилство.”

2023 Година

„Портокалова дланка – обединети во активизам против насилство врз жените и
девојчињата“ е кампања на Комората за приватно обезбедување со цел за ефикасно и ефективно обединување на секторот приватно обезбедување во активизам за подигнување на свеста против родово базирано насилство.

Борбата против насилство врз жените и девојчињата во секоја форма претставува исклучително важна тематика која е поставена високо на приоритетите на секоја заедница.
Комората за приватно обезбедување длабоко верува дека приватното обезбедување како релевантен безбедносен чинител може да придонесе во напорите за подигнување на свеста за активизам против насилството врз жените и девојчињата, пред сè поради своето директно присуство во сите сфери на живеењето и работењето на луѓето (во училишта, на работни места, аеродроми, спортски, угостителски, хотелски објекти, шопинг молови, болници, на јавни настани, спортски натпревари, културни манифестации и сл.).
Проектот ќе се реализира во периодот мај-декември 2023 год.
Концепциската рамка на проектот предвидува на секој 25-ти ден во месецот да биде обележан како ПОРТОКАЛОВ ДЕН, кога ќе има посебни медиумски активности, интернет објави, изјави, видеа со пораки кон приватниот безбедносен сектор за активизам и подигнување на свеста против насилство врз жените и девојчињата.
Во рамки на проектот ќе бидат организирани 2 специјализирани настани:
– На 27.11.2023 год. ќе биде организиран: СЕМИНАР СО СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ПРЕДАВАЊА на теми за родови прашања во приватниот безбедносен сектор; мотивациски предавања за личен и професионален развој на жени и девојчиња; со уметност и спорт кон промени; менаџирање на стрес, женско лидерство и сл.
– На 06.12.2023 год. ќе биде организиран: настан „ПОРТОКАЛОВ ФЕНИКС“ кога ќе биде потпишана, односно промовирана ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ОБЕДИНЕТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ПРИВАТНИОТ БЕЗБЕДНОСЕН СЕКТОР ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈЧИЊАТА. Декларацијата ќе биде потпишана од правните лица коишто вршат приватно обезбедување, а за поддршка ќе бидат поканети: државни институции, невладини организации, академски и научни институции, медиумски организации итн.
Проектот „Портокалова дланка“ е поддржан од: Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Европската организација за приватно обезбедување Коесс, со седиште во Брисел и од организациите за приватно обезбедување од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Романија. 

ПОРТОКАЛОВ ДЕН

25.05.2023  

Верица Милеска Стефановска, претседателка на Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување. 

Комората за приватно обезбедување започнува со реализација на проект „Портокалова дланка-обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата“.

25.06.2023  

Денес е ПОРТОКАЛОВ ДЕН. И секој следен 25 ти ден во месецот ќе биде обоен во портокалово, затоа што за Комората за приватно обезбедување борбата против родово базираното насилство е исклучитено важна тема. Токму зарад тоа Комората иницираше проект насловен „Портокалова дланка-обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата“. Овој проект предвидува различни форми на активизам во насока на подигнување на свеста на вршителите на приватно обезбедување против родово базирано насилство.
За денешниот Портокалов ден проследете ја изјавата на Габриела Кулебанова, потпретседателка на Сојузот на стопански комори. Застапеноста на приватното обезбедување во секојдневното функционирање на сите компании е неизоставен сегмент и важен фактор. Во ова време на предизвици, заеднички воспоставуваме грижа за сите вработени, а воедно и меѓусебна поддршка за остварување на целите во работењето. Во основните цели се стремиме заеднички и за откривање и превенирање на родовото базирано насилство. Сојузот на стопански комори застапувајќи ја бизнис заедницата со членки од големи, средни, мали и микро компании е против секаква форма на родово базирано насилство и го поддржува проектот на Комората за приватно обезбедување за подигнување на свеста кај приватниот безбедносен сектор во борбата против родово базираното насилство. Секоја одговорна компанија се грижи за своите вработени и може да придонесе во борбата против родово базирано насилство преку креирање и имплементирање на јасни политики и процедури и вклучување во активизам како за оваа форма на насилство така и за сите останати. Родово базирано насилство предизвикува стрес, анкциозност, намалување на самодовербата и мотивацијатаи други последици на менталното и физичкото здравје на вработените. Трошоците од родово базирано насилство се пресметуваат околу 2% од светскиот ГДП (1,5 трилиони $). Заеднички, преку спроведување на информативни состаноци и одредување на правилни активности и стратегии ќе се стремиме за намалување и превенирање на овој вид на насилство, правејќи подобро општество за сите.

25.07.2023

Денес е „ПОРТОКАЛОВ ДЕН“ а тоа значи дека во рамки на проектот „Портокалова дланка- обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата“ ја споделуваме пораката од д-р Весна Попоска, Деканка на Правен факултет при Меѓународен универзитет Визион, Гостивар.
„Со ратификацијата на Истанбулската конвенција и донесување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, националниот правен систем започна да го препознава родово-базираното насилство како споделена одговорност на сите носители на јавни овластувања, вклучително и компаниите за приватно обезбедување, кои се и најприсутни како физичко обезбедување во јавниот простор.
Обврската за должно внимание или due diligence и свеста за постоењето на проблемот, како и потребата за разбивање на стереотипите, помошта и прифаќањето на жртвите, но пред се, превенцијата на нова „црна хроника“ , се само дел од пошироката кампања „Портокалова дланка“ на Комората за приватно обезбедување која приказната на 16 дена против насилство врз жените и девојчињата ја проширија преку целата година како постојано актуелна тема и ова нивна активност е повеќе од вредна за поддржување и споделување.“

25.08.2023

Денес е ПОРТОКАЛОВ ДЕН. Во рамки на проектот „Портокалова дланка-обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата“ на Комората за приватно обезбедување за овој четврт Портокалов ден проследете ја изјавата на Младен Чадиковски, Претседателот на Здруженито на новинарите на Македонија: „Безбедноста на новинарите е една од примарните долгорочни цели на кои ЗНМ работи изминатите години, а продолжува да работи и понатаму. Сметаме дека ова прашање е од круцијално значење затоа што секој заслужува да се чувствува безбедно на своето работно место. Работата на новинарите не е канцелариска што дополнително ги изложува на ризик, посебно новинарките, кои што според нашите податоци се многу повеќе изложени на вербален и физички напад. Родово базираното насилство доживеа експанзија со појавата на онлајн медиумите, особено со појавата на социјалните мрежи каде што колешките новинарки се жртви на вербален напад кој често пати вклучува закани по нивната безбедност и закани по живот. За некого можеби тоа звучи безопасно бидејќи се случува на компјутер, но никогаш не можеме да знаеме кога напаѓачот ќе ја помине црвената линија од закана во реализација, односно кога онлајн нападот ќе стане офлајн. Токму затоа ЗНМ смета дека промената во Кривичниот закон е навистина голем успех бидејќи сега нападот на новинар се смета за напад на службено лице, што носи дополнителна заштита на колегите. Ние имаме регистар за напад на новинари каде што забележува тренд на пораст на нападите кон новинарки. Новинарките не треба и не смеат да бидат напаѓани само заради фактот што си ја вршат професионално нивната работа. Што уште поважно, секоја напад треба да се пријави бидејќи само на тој начин идните напаѓачи ќе се обесхрабрат да делуваат повторно. Праксата на неказнивост мора и треба да се смени и ЗНМ не отстапува од тоа. Токму затоа ЗНМ ја поддржува кампањата на Комората за приватно обезбедување.“

25.09.2023

Денес е ПОРТОКАЛОВ ДЕН. Амбасадорот Килиан Вал со порака до приватниот безбедносен сектор, а во рамки на проектот „Портокалова дланка-Обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата“ „Безбедност значи не само физичка безбедност, туку и ослободеност од страв. За жал, насилството врз жените и девојчињата останува континуирана закана во реалноста. Многу е важно сите аспекти на безбедносниот сектор, приватниот и јавниот, националниот и меѓународниот да работат заедно за да ја подигнат свеста за ова прашање, бидејки заедно сме посилни и сите треба да се исправиме во напорите да се запре ова ужасно насилство.“

25.10.2023

Денешниот ПОРТОКАЛОВ ДЕН ја пренесува пораката од Министерката за одбрана Славјанка Петровска за обединување во заеднички одговор „НЕ“ за родово базирaното насилство.

„Родово базираното насилство е примитивизам на кој мора да му се спротивставиме заедно и одлучно. Институциите, но и целото општество мора да го препознае сторителот и соодветно да го казни, а на жената која е жртва да и пружи рака, да ја заштити и да и помогне да закрепне и физички и психички. Нула толеранција за секаков вид на родово базирано насилство и дискриминација затоа што само така ќе можеме да создадеме свет во кој жената ќе може да го реализира својот потенцијал. И токму затоа, кампањата “Портокалова дланка” е одлична иницијатива во која се обединуваме сите заедно да кажеме НЕ на родово базираното насилство.“

Проследете го видео обраќањето на Министерката за одбрана Славјанка Петровска.“

25.11.2023

Денешниот ПОРТОКАЛОВ ДЕН го одбележува видео обраќањето од Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на проектот „Портокалова дланка- обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата„.

➡️ Изминативе години во светот и кај нас во голема мера се рушеа предрасудите околу родовото насилство, особено насилството врз жените и девојчињата. Колку повеќе се соочувавме со оваа проблематика, толку повеќе растеше свесноста за целокупната сложеност, специфичност, условеност на проблемот, односно колку и во која мера оваа социо-патолошка појава објективно ги тангира речиси сите сегменти на општественото живеење и функционирање. Во оваа прилика сакам лично, а низ призмата на полициската практика да посочам дека во поглед на насилството врз жените ние не се соочуваме само со семејната дисфункционалност, туку со низа сериозни социо-економски фактори, со културно - традиционалистички квази-вредности, со образовно-воспитни субстандарди, со социо- патолошки и криминогени фактори, кои што лежат во заднината на оваа општествено, но и индивидуално крајно сериозна проблематика. Нема дилема дека родово базираното насилство, односно Семејното насилство е сериозен проблем и бара внимание и постапување од соодветните институции по поднесена пријава, се со една единствена цел, а тоа е заштита на жртвите и казнување на сторителите на насилството. Во пресрет на глобалната акција на Обединетите Нации – 16 дена активизам против родово базирано насилство потребно е сите заедно како општество, но првенствено и како луѓе солидарни и сочувствителни едни кон други поамбициозно и поорганизирано да продолжиме во елиминирањето на ова зло – насилството кон жените и девојчињата.  На крајот ќе цитирам делови од Општата Декларација за правата на човекот на ООН: „Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви во достоинството и правата. Секој има право на живот, слобода и на лична сигурност. Никој не смее да биде држен во ропство или ропски однос. Никој не смее да биде подложен на мачење или на сурово, нечовечко или понижувачко однесување или казнување. Сите сме еднакви пред законот и имаме право без дискриминација на еднаква заштита !“ Секогаш да ги имаме на ум овие фундаментални вредности и стандарди  соочени со предизвикот на родово насилство. Можеме  и мораме да ги заштитиме жените и девојчињата, сите да бидеме дел од Портокаловата дланка-обединети во активизмот против насилството!“

27.11.2023 – Семинар за родови прашања во приватниот безбедносен сектор „Портокалов цвет“, Мултимедијален центар Мала Станица, Скопје

Комората за приватно обезбедување организираше Семинар за родови прашања во
приватниот безбедносен сектор „Портокалов цвет“ што се одржа на 27.11.2023 год. во
Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Семинарот „Портокалов цвет“
обедини повеќе од 100 жени вработени во приватно обезбедување, безбедносни институции,
професорки, студентки, претставнички од медиумите од областа на безбедноста и др. со цел
за зајакнување на капацитетите на жените во приватното обезбедивање и подигнување на
свеста за борбата против насилството врз жените и девојчињата.

Семинарот се организира во рамки на проектот „ПОРТОКАЛОВА ДЛАНКА“ –
Активизам против насилство врз жените и девојчињата, со цел за ефикасно и ефективно
обединување на секторот приватно обезбедување во активизам за подигнување на свеста
против секаква форма на родово базирано насилство во секторот приватно обезбедување,
кошто ќе ја поддржи глобалната кампања на УН Вомен „Orange the world”16 Дена активизам
против насилство врз жените и девојчињата.

Овој проект го реализира Комората за приватно обезбедување со поддршка на
Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Мисијата на ОБСЕ.

06.12.2023

Деновите на приватно обезбедување 2023 се посветени на проектот „Портокалова дланка-обединети во активизам против насилство врз жените и девојчињата“.

Проектот „Портокалова дланка“ се однесува на ефикасно и ефективно обединување на секторот приватно обезбедување во активизам за подигнување на свеста против родово базирано насилство и испраќање на гласна и јасна порака за нулта толеранција на секаква форма на насилство. Целта е правилно информирање на вршителите во секторот приватно обезбедување за сите форми на родо-базирано насилство, за родовите стереотипи и предрасуди во однос на вршење приватно обезбедување, со намера за надминување на родовите бариери и сите предизвици со кои се соочуваат вработените.

На 06.12.2023 год. беше организиран настанот „Портокалов феникс“ кога правните лица за услуги за приватно обезбедување коишто се здружени во Комората отворено и јавно потпишаа и промовираа Декларација дека ги осудуваат сите форми на насилство врз жените и девојчињата и дека во своето работење ќе се залагаат за:
- Создавање на приватен безбедносен сектор и заедница ослободена од родово базирано насилство, - Зајакнување на сопствените компаниски и човечки капацитетите за препознавање и спречување на насилство врз жените и девојчињата.
- Учество и поддршка на кампањи и програми за подигање на свеста, или други форми на едукација.
- Промовирање на квалитетни примери за нулта толеранција за насилство врз жените и девојчињата и друг вид насилство.
Во таа смисла, компаниите за приватно обезбедување отворено ја изразуваат подготвеноста да иницираат промени во организациската култура и интерното работење во насока на нулта толеранција за било каква форма на насилство. Тоа ќе се пресликува кон вработените, кон местото каде што се врши услугата односно клиентите и воопшто во заедницата.

25.12.2023

По повод последниот ПОРТОКАЛОВ ДЕН за 2023 година ќе ги истакнеме носечките активности во рамки на проектот „Портокалова дланка“ во изминатата година.

На 06.12.2023 год. компаниите за услуги за приватно обезбедување се обединија и промовираа Декларија против насилство врз жените и девојчињата со што се обврзаа на подигнување на свеста за нулта толеранција на секаква форма на родов базирано насилство.

На 27.11.2023 год. беше организиран Семинар за родови прашања „Портокалов Цвет“ кога беа споделени јасни пораки за зајакнување на жените вработени во компаниите за приватно обезбедување.

Со активностите на проектот „Портокалова дланка“ отпочна процес на промена на организациската култура во компаниите за приватно обезбедување во насока на родова рамноправност и препознавање на вредноста која ја додаваат жените во работењеето на овој сектор со јавни овластувања.

Проектот го промовира секој 25 ти во месецот како „Портокалов ден“ кога се споделуваат пораки за подигнување на свеста на вршителите на дејност приватно обезбедување во активизам против насилство врз жените и девојчињата.