Денови на приватно обезбедување 2016

На 15 и 16 септември 2016 во хотелот Инекс Горица во Охрид се одржа меѓународната конференција: „Приватната безбедност во 21от век: искуства и предизвици“. Конференцијата е во рамките на Деновите на приватното обезбедување 2016, а нејзини организатори се Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје.

На Конференцијата присуствуваа бројни преставници од стручната и научна јавност, декани, продекани, професори… реномирани експерти од областа на приватното обезбедување од земјата и странство, како и претставници од правните лица кои вршат приватно обезбедување. Цел на конференцијата беше преку размена на знаења, искуства и практики, стручната, научната, но и пошироката јавност да се запознаат и информираат за предизвиците и актуелните состојби со кои се соочува оваа дејност, како и да се продлабочи соработката помеѓу нејзините непосредни вршители и академската јавност, со што ќе се придонесе за прогрес и унапредување на дејноста и секторот приватно обезбедување во иднина.

Конференцијата ја отворија со свое обраќање Д-р Оливер Бакрески – раководител на Институтот за безбедност, одбрана и мир, Д-р Горан Ајдински – Декан на Филозофскиот факултет во Скопје, Верица Милеска- Стефановска – Претседател на Комората за приватно обезбедување на Република Македонија и Бранко Слак – Претседател на Комората за приватно обезбедување на Република Словенија.

Во рамките на конференцијата беа промовирани и бројни научни трудови од областа на приватното обезбедување, како и најнови публикации меѓу кои и онаа во издание на Комората на РМ, книгата: „Планирање и процена на ризик, во функција на заштита на лица, имот и работење“.

Во рамките на кампањата „Денови на приватното обезбедување 2016“, Комората претстави дел од своите редовни домашни и меѓународни активности меѓу кои се изработката на „Стратегијата за развој на приватното обезбедување во РМ“, изработката на Прирачник за транспорт на пари и други вредносни пратки… и секако учеството на Комората на меѓународниот „Homeland and global security forum“ каде таа ќе учествува на специјалната сесија: „Улогата на жената во глобалната безбедност“.

Конференцијата беше проследена од бројни новинарски екипи од различни медиуми од земјава и регионот, кои покажаа голем интерес за нејзиното одржување!

Previous
Next

17.12.2024 – Работна средба во СВР Струмица

На оваа работна средба присуствуваа претставници од Секторот за внатрешни работи Струмица, Комисијата за вршење на надзор над правните лица за приватно обезбедување при

Повеќе »