Денови на приватно обезбедување 2022

23.11.2022 – меѓународна конференција „Приватното обезбедување во заштита на критична инфраструктура“

Комората за приватно обезбедување организираше меѓународна конференција насловена „Приватното обезбедување во заштита на критична инфраструктура“ што се одржа на 23.11.2022 год. во рамки на Денови на приватно обезбедување 2022.
На свеченото отварање на конференцијата свое обраќање имаа Претседателката на Комората м-р Верица Милеска Стефановска, Министерката за одбрана Славјанка Петровска, генералната директорка на Коес Катерине пијана и Продеканот на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ Проф д-р Елениор Николов.
Модератор на конференцијата беше Проф д-р Марјан Ѓуровски од Институт за безбедност, одбрана и мир, при Филозофскиот факултет во Скопје.
Оваа конференција тематски беше посветена на улогата и функцијата на приватното обезбедување во заштита на критичната инфраструктура и обезбеди посебен стручен придонес за работа на надлежните тела во процесот на утврдување на адекватна регулатива што ќе ја уреди сферата на заштита на критична инфраструктура со модерен, холистички пристап интегрирајќи ги сите безбедносни чинители.

Во рамки на конференцијата „Приватното обезбедување во заштита на критична инфраструктура“ што се одржа на 23.11.2022 год. што ја модерираше Проф д-р Марјан Ѓуровски во првиот панел беше обработена сферата на критична инфраструктура од перспектива на нејзина заштита, со посебен осврт на клучни аспекти во функционирањето на приватниот безбедносен сектор.
Учесници во првиот панел на конференцијата со насловните теми на своите обраќања беа реномирани експерти од академската област како следи: Д-р Весна Попоска „Заштита на критична инфраструктура“, Д-р Ѓорги Алчески „Улогата на приватното обезбедување во заштита на критична инфраструктура“, Д-р Оливер Бакрески „Соработка и координација на јавниот и приватниот безбедносен сектор“, Д-р Ана Фрицханд „Инклузивен омнибус-дигитална училница за различна работна сила“, Д-р Марина Малиш Саздовска „Идни правци за развој на приватното обезбедување“.

Меѓународната конференција „Приватното обезбедување во заштита на критична инфраструктура“ што се одржа на 23.11.2022 год. во својата програмска содржина опфати компаративен приказ на заштитата на критичната инфраструктура во Словенија, Србија и Хрватска.
Свое обраќање во меѓународниот панел имаа: Маја Бојчевска Ѓеоргиевска, член на Управниот одбор на Комората за приватно обезбедување, Бранко Слак, Претседател на Зборница за развој Словенскега засебнега варовања; Александар Недиќ, Генерален Секретар на асоцијацијата за приватно обезбедување при привредна комора Србије; Ален Јаворовиќ, Генерален секретар на Хрватски цех заштитара. Во оваа прилика се обрати и Махир Хоџиќ од АС Адриа магазинот која ја истакна соработката на коморите од Балканскиот регион вклучени во партнерскиот проект Адриа Секјурити Самит.
На 23.11.2022 год. се одржа работен состанок на кој присуствуваа Министерката за одбрана Славјанка Петровска, Претседателката на Комората за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска и Генералната директорка на Коес-Европската конфедерација за приватно обезбедување.
На состанокот беше разговарано за регулативата на Европската Унија за заштита на критична инфраструктура и останати акти кои ја уредуваат областа, како и за активностите во Република Северна Македонија во процесот на креирање адекватна регулатива за критична инфраструктура и заштита на истата.

На 23.11.2022 год. се одржа работен состанок на кој присуствуваа Министерката за одбрана Славјанка Петровска, Претседателката на Комората за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска и Генералната директорка на Коес-Европската конфедерација за приватно обезбедување.
На состанокот беше разговарано за регулативата на Европската Унија за заштита на критична инфраструктура и останати акти кои ја уредуваат областа, како и за активностите во Република Северна Македонија во процесот на креирање адекватна регулатива за критична инфраструктура и заштита на истата.

21-22.11.2022-Саемот за безбедност „Живеј безбедно“

Саемот за безбедност „Живеј безбедно“ има главна цел да се истакне превентивниот аспект на безбедноста, начините и механизмите за превентивно дејствување во однос на личната безбедност, но и безбедноста на приватните станови, куќи и корпоративни објекти.
Саемот го организираат Комората за приватно обезбедување и Министерството за внатрешни работи за надоградување на квалитетната стратешката координација и комуникација на приватната и јавната безбедност.
Со саемот за безбедност отпочнува кампањата ДЕНОВИ НА ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ што Комората за приватно обезбедување традиционално ја организира со цел промоција на дејноста, вмрежуање, размена на знаења, искуства и практики, која ќе заврши со конференцијата „Приватното обезбедување во заштита на критична инфраструктура“.
На саемот земаа учество и агенциите за обезбедување : 2СС, МДН, ОСА, ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ, ПИТОН, ВИЗАРД СИСТЕМИ, СГС

17.12.2024 – Работна средба во СВР Штип

Во функција на унапредување на соработката помеѓу вршителите на приватно обезбедување и полициските службеници во регионот на СВР Штип и вложување во професионално вршење

Повеќе »