Денови на приватно обезбедување 2016

На 15 и 16 септември 2016 во хотелот Инекс Горица во Охрид се одржа меѓународната конференција: „Приватната безбедност во 21от век: искуства и предизвици“. Конференцијата е во рамките на Деновите на приватното обезбедување 2016, а нејзини организатори се Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје.

На Конференцијата присуствуваа бројни преставници од стручната и научна јавност, декани, продекани, професори… реномирани експерти од областа на приватното обезбедување од земјата и странство, како и претставници од правните лица кои вршат приватно обезбедување. Цел на конференцијата беше преку размена на знаења, искуства и практики, стручната, научната, но и пошироката јавност да се запознаат и информираат за предизвиците и актуелните состојби со кои се соочува оваа дејност, како и да се продлабочи соработката помеѓу нејзините непосредни вршители и академската јавност, со што ќе се придонесе за прогрес и унапредување на дејноста и секторот приватно обезбедување во иднина.

Конференцијата ја отворија со свое обраќање Д-р Оливер Бакрески – раководител на Институтот за безбедност, одбрана и мир, Д-р Горан Ајдински – Декан на Филозофскиот факултет во Скопје, Верица Милеска- Стефановска – Претседател на Комората за приватно обезбедување на Република Македонија и Бранко Слак – Претседател на Комората за приватно обезбедување на Република Словенија.

Во рамките на конференцијата беа промовирани и бројни научни трудови од областа на приватното обезбедување, како и најнови публикации меѓу кои и онаа во издание на Комората на РМ, книгата: „Планирање и процена на ризик, во функција на заштита на лица, имот и работење“.

Во рамките на кампањата „Денови на приватното обезбедување 2016“, Комората претстави дел од своите редовни домашни и меѓународни активности меѓу кои се изработката на „Стратегијата за развој на приватното обезбедување во РМ“, изработката на Прирачник за транспорт на пари и други вредносни пратки… и секако учеството на Комората на меѓународниот „Homeland and global security forum“ каде таа ќе учествува на специјалната сесија: „Улогата на жената во глобалната безбедност“.

Конференцијата беше проследена од бројни новинарски екипи од различни медиуми од земјава и регионот, кои покажаа голем интерес за нејзиното одржување!

Previous
Next

20.09.2024 год. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна
посета на Комората за приватно обезбедување.

На работната средба беа дискутирани состојбите во секторот приватно обезбедување, соработката помеѓу јавната и приватната безбедност, предизвиците, потребите и правците за натамошен развој.

Повеќе »