UslugiPrivatnoObezbeduvanje

Е-каталог на секторот приватно обезбедување во РСМ

Почитуван кориснику,

Добредојдовте на страниците на Е-каталог на секторот приватно обезбедување во Република Северна Македонија. Се надеваме дека низ поставените содржини ќе ги добиете  податоците за компаниите-вршители на дејност приватно обезбедување во РСМ, кои ви се потребни. Овој е-каталог го изработивме со основна цел да овозможи претставување на вршителите на дејноста приватно обезбедување во вид на давање услуги, односно поблиско претставување на услугите кои ги нудат компаниите за приватно обезбедување во нашата држава. Освен вистинска информација, една од основните  тенденции на нашиот сектор е приближување кон општа јавност, транспарентност во работењето и непосредно приближување и поврзување. Комората на РСМ за приватно обезбедување како организација која се грижи за заштита и унапредување на стручноста, професионалноста и деловноста и заштита на професијата  на овој начин прави уште еден обид да даде силна поддршка на вршителите на дејнст приватно обезбедување кои се здружени во Комората. Промоција и поддршка на дејноста ќе остане наш приоритетен фокус, но секако останува и нашата генерална заложба за грижа за општата безбеденост на граѓаните и општеството.

Со почит, Комора на РСМ за приватно обезбедување