UslugiPrivatnoObezbeduvanje

Е-каталог на секторот приватно обезбедување во РСМ

+389 (0)45 224 333
+389 (0)75 318 316
2СС ДООЕЛ Кичево
agencija_2ss@hotmail.com
ул.Кузман Јосифоски –Питу бр. До Централен Регистар – Кичево
2СС ДООЕЛ Кичево
+389 (0)45 224 333
+389 (0)75 318 316
agencija_2ss@hotmail.com
ул.Кузман Јосифоски –Питу бр. До Централен Регистар – Кичево
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Агенцијата за Приватно обезбедување 2сс е основана на 05.06.2005 година,од страна на нејзиниот основач и сопственик Самир Билбилоски,и од основањето па се до ден денес бележи значителен пораст, што резултира со поголем број на вработени и поголем број на задоволни клиенти.
Визија: Нашата визија е да креираме посигурно секојдневие во животот на повеќе луѓе.Успехот на нашата компанија се должи на максимално користење на целокупниот потенцијал и квалитет на нашите услуги,користејќи најсовремена опрема во приватното обезбедување.
Цели: Полесен пристап до современите технологии и следење на најновите стандарди,да се биде поблиску до новата ера на развој,раст и подобра продуктивност на обезбедувањето како гранка.

Мисија:Нашата мисија е да се ориентираме кон подобри вредноси со кои ќе бидеме целосно посветени кон исполнување на барањата на клиентите,да бидеме чекор поблиску до задоволување на нивните потреби, да креираме профил на сигурност во нивната перспектива. Организациска поставеност: Раководни лица на Агенција за Обезбедување:
  1. Самир Билбилоски – Генерален Директор од 05.06.2005
  2. Џемаљ Билбилоски-Управител од 05.06.2005

Вработени во Агенција за Обезбедување:

  1. Благоја Трајановски-Помошник директор
  2. Сибел Билбилоска-Генерален Секретар
Референтна листа:
  • ФФМ
  • Скопје
  • НУ Музеј на Македонија-Скопје
  • ВЛТ-Државна Видеолотарија на Македонија
  • АД Тајмиште
  • ДТИРЗ Кичево
  • НЛБ Тутунска
  • Хотел Изгрев Струга
  • Мастер бет-ДПТУ Сенатор
  • Тхе Слотс
  • Стар Гаминг
  • Апекс ДОО
Однос со заедницата:Нашите врвни услуги не поврзуваат со заедницата,бидејќи ние постоиме  за нашите клиенти,ги почитуваме индивидуалните разлики,ги негуваме односите со нив и се стремиме да ги разбереме нивните потреби.
/
/
БАЛКАН ЕНЕРЏИ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ СКОПЈЕ
security@balkan-energy.com
ул.515 бр.8, општина Гази Баба, 1000 Скопје
БАЛКАН ЕНЕРЏИ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ СКОПЈЕ
/
/
security@balkan-energy.com
ул.515 бр.8, општина Гази Баба, 1000 Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Информации за БЕС: Балкан Енерџи Секјурити е создаден на 09.12.2014 год., во функцинија е од 26.03.2015 год. Примарна задача е да дава квалитетно обезбедување на своите правни субјекти во рамките на БЕГ. Применува и развива модел на Корпоративна безбедност. БЕС има сертификат ISO 9001 2015.
Основна цел: создавање на препознатливо и водечко Друштво за давање на квалитени услуги на обезбедување со висок квалитет и професинализам, особено во сферата на обезбедувањето на енергетските објекти.

Мисија: одржувње на високо ниво на безбедност на штитените објекти, вработените, странките и високото раководство на корпорацијата.
Мото: висок професионализам, индивидуална посветеност и тимски дух.
Задачи: вршење процени на актуелните и потенцијалните безбедносни закани, предизвици и ризици; преземање мерки и активности за отстранување на опасностите; воспоставување организација надлежна за безбедноста способна да ја штити компанијата од сите облици на загрозување; контрола на спроведувањето на безбедносните мерки и функционирањето на воспоставениот систем на безбедност; снабдување на врвниот менаџмент со релевантни информации и изработување на безбедносни анализи.
Визија: Реализација на својата мисија преку оценување, усовршување и применување на оптимална безбедносна дејност за исполнување на визијата, со инвестирање во обуки на вработените и поттикнувње на мотивираноста и индивидуалната посветеност на работниците за обезбедување, совладувањето на високите стандарди на безбедност и применувањето на најновите тенденции и методи на обезбедувањето.
Организациска поставеност: Балкан Енерџи Секјурити ДООЕЛ Скопје има управител, раководител за обезбедување, шеснаесет работници за обезбедување и ПП заштита,  две службени возила и две работни простории.
Менаџирање: Управувањето со секоја од задачите на организацијата, подразбира анализирање на безбедносната загрозеност, процена на закани и ризици и проектирање мерки со цел отстранување или минимизирање на безбедносните закани.

Согласно поледното барање на високиот корпоративен менаџмент, во моментот Балкан Енерџи Секјурити ги обезбедува само своите правни субјекти:
  • ТЕ-ТО АД Скопје
  • Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје
  • Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје
  • Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

/
+389 (0) 71 398 801
БУЛДОГ
/
ул.Никола Вапцаров 8, Велес
БУЛДОГ
/
+389 (0) 71 398 801
/
ул.Никола Вапцаров 8, Велес
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Агенцијата за обезбедување на лица и имот БУЛДОГ е основана 2005 година во Велес. Нашиот менаџерски тим користи повеќе од 30 години искуство во спроведување на законот и управување со персоналот. Моментално работиме на територија на Општина Велес и Куманово. Ние сме горди на нашата репутација, одговорни пред нашите клиенти, персонал и партнери со тоа што ги исполнуваме нашите обврски преку давање највисоки квалитетни безбедносни услуги и притоа не мешајќи се во дејноста на клиентот и корумптивни политики.
Вредности
Како компанија и како поединци,  пред сè наши вредности врз кои го засноваме работењето се чесноста, интегритетот, професионалноста и меѓусебното почитување. Нашиот персонал, како примарен ресурс за овозможување услуги е подложен на услови, опрема, осигурување и предизвикувачка околина каде што секој може лично и професионално да се развива во рамките на компанијата.

Мисија
Нашата мисија е да им обезбедиме заштита и сигурност на нашите клиенти преку давање на услуги за физичко обезбедување, прилагодени на нивните специфични потреби. Нивната безбедност вклучувајќи го нивниот персонал, простории, средства, опрема и општата јавност и углед на клиентот е нашиот најголем приоритет.
Визија
Ние сме посветени на постојано подобрување на услугите што ги нудиме на нашите клиенти. Со инвестирање и развој на нашите најважни ресурси, нашите агенти за обезбедување, имаме за цел да ги задоволиме очекувањата на нашите клиенти. Преку нашата посветеност кон дејноста наша визија е да ја задржиме довербата на долгогодишните, но и потенцијални клиенти преку испорака на најквалитетни безбедносни услуги во рамките на нашето опкружување.

Како гаранција за ова е референтната листа на задоволни клиенти кои ги користат нашите услуги:
  • АД ГРАНИТ
  • Модна конфекција СТОБИ,
  • АГРОНИМЕКС ДООЕЛ,
  • Малина Велес
  • Извршител Крсте Трајковски
  • ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес
  • Аце и Мики Доо Куманово
  • ФЕТ-БИР Дооел Куманово
  • РАПИД БИЛД Куманово.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+0389 (0) 75 260 130
+0389 (0) 75 226 333 
ГАРД
gard@gard.mk; ibamk@t.mk   www.gard.mk
Бул. Видое Смилевски Бато бр. 8а-2/44 Скопје
ГАРД
+0389 (0) 75 260 130
+0389 (0) 75 226 333 
gard@gard.mk;ibamk@t.mk   www.gard.mk
Бул. Видое Смилевски Бато бр. 8а-2/44 Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Агенцијата за обезбедување „Гард“ е легален деловен систем кој се темели на знаењето и искуството, и кој извршува услуги од областа на приватното обезбедување, со најсовремени методи и опрема. Од основањето во 1999 г. до денес „Гард“ успешно се развива и ги применува најновите светски трендови и искуства во обезбедувањето.
ВИЗИЈА:
„Гард“ е високо професионална Агенција за обезбедување, квалитетна и почитувана, со најголема доверба од корисниците.
ЦЕЛ:
Максимален придонес за подигнување на нивото на безбедноста во Македонија и достигнување на европското ниво на квалитет и сигурност.

МИСИЈА:
Својата Визија „Гард“ ја остварува со помош на меѓународниот стандард за квалитет ИСО 9001, доследно спроведувајќи ја сопствената Политика за квалитет.  „Гард“ во својата работа ги имплементира највисоките безбедносни стандарди на Меѓународната Асоцијација ИБА за превентивно и бесконфликтно обезбедување.

РЕФЕРЕНЦА: Сите видови обезбедување за државни институции, најголеми компании, најголеми музички и спортски настани, лично обезбедување на највисоки личности и медиумски ѕвезди.
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ: Точно пропишани процедури, правилници и упатства за работа, со постојана дообука на обезбедувачите. Главно ни е задоволството на корисниците на нашите услугите и нивното мислење за нашиот квалитет.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.
+389 (0) 47 241 500
ГАРДА
garda_bt@yahoo.com
ул. „Елпида Караманди“ бр. 13 лок.3 Битола
ГАРДА
+389 (0) 47 241 500
/
garda_bt@yahoo.com
ул. „Елпида Караманди“ бр. 13 лок.3 Битола
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Агенцијата за обезбедување Гарда - Битола е основана во 2005 година, а од 2008 година е членка на Комората за приватно обезбедување на Р.С.Македонија. Бројот на вработени во 2019 година изнесува околу 60 вработени лица. Основни услуги кои ги нуди Гарда се: обезбедување на лица и имот, обезбедување на бизниси и различни видови на институции и објекти, обезбедување на настани, манифестации итн.,  односно техничко и физичко обезбедување, патролно обезбедување и мониторинг.

Целта и мисијата на Агенцијата за обезбедување Гарда е да понуди висок квалитет на услугите кои што ги нуди, и да ја задржи долгогодишната доверба кон своите клиенти. Воедно, Гарда се залага и постојано се надоградува во своето работење преку вложување во својот кадар и ангажирање на професионалци, но и модернизирање на техничката опременост.
Успешната работа на Гарда произлегува и од правилната поставеност на работните места, соодветната надреденост кон вработените, како и менаџментот кој е задолжен за постојано следење на работните активности и задачи на сите вработени во организацијата. Воедно, успехот доаѓа и од мотивирачката и добро организирана работна средина во која се наоѓаат вработените во Гарда.

Имплементацијата на соодветни стандарди за работа и водење на соодветна политика за квалитет на услугите кои ги нуди Гарда, се доказ на големиот број на задоволни клиенти.
Бројот на клиенти кои ги обезбедува Гарда постојано се зголемува, и сега брои над 500 клеинти, а меѓу најголемите клиенти што може да ги спомнеме се: ЈЗУ Клиничка болница Битола, Здравствен Дом Битола, Монтинг Инженеринг, Министерство за култура – Управа за заштита на културно наследство, НУ Завод за заштита - Спомен музеј Охрид, Гранит, ЕЛЕМ Турс, ЈКП Нискоградба, како и голем број на училишта во Пелагонскиот регион, како и голем број на приватни фирми.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.
+389 (0) 2 3062 703
+389 (0) 75 311 122
ИСГ БРАНИТЕЛ МАКЕДОНИЈА
branitelmakedonija@yahoo.com
бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 96/2 -2A, 1000 Скопје
ИСГ БРАНИТЕЛ МАКЕДОНИЈА
+389 (0) 2 3062 703
+389 (0) 75 311 122
branitelmakedonija@yahoo.com
бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 96/2 -2A, 1000 Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Основана во 2006 година, ИСГ Бранител Македонија располага со квалитетни кадри, вешти и искусни професионалци од областа на обезбедување на лица, кои се членови на Меѓународната асоцијација на телохранители (IBA – International Bodyguard Association). Нашите искусни тимови се збогатени и со млад и интелигентен кадар, со цел да обезбедиме меѓусебна размена на знаења што резултира со пријатен однос, партнерство, професионалност, квалитет, оптимизам и креативност. Исклучително сме посветени на континуирано унапредување на тимот. Затоа на нашите вработени им овозможуваме редовни проверки и обуки за користење на оружје и за подобрување на психо-физичката подготвеност. Имено, ние сме единствената агенција која поседува дозвола и сопствен кадар на експерти за откривање и уништување на експлозивни направи, со сертификати издадени од Обединетите Нации.
Организациска структура: менаџерски тим, раководител на патролна служба, патролна служба, одговорен на објект, одговорен за физичко обезбедување, тим за физичко обезбедување, тим за техничко обезбедување. Агенцијата располага и со службен пес дресиран за ЈРМ. Од технички аспект опремени сме со патролни возила, сопствен радиокомуникациски систем, мониторинг со алармен систем и видео надзор.

Поседуваме голем број на сертификати меѓу кои и ISO 9001/ ISO 14001, OHSAS (систем за заштита и здравје при работа), IBA, сертификат за заштита на лични податоци, сертификат за скенер оператори, дозвола за физичко и техничко обезбедување, сертификати за работа со експлозиви, дозвола за службено оружје.Нашата богата референтна листа вклучува голем број на образовни и државни институции (министерства, агенции, културни центри), угостителски и други правни објекти, приватни објекти, и компании за организација на јавни настани.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)31 413 409
+389 (0)75 425 466
ДПТУ КОБРА МОНИТОРИНГ ДООЕЛ – КУМАНОВО
servis@kobrasecurity.com.mk info@kobrasecurity.com.mk
ул. Октомвриска Револуција бр. 26/3, 1300 Куманово
ДПТУ КОБРА МОНИТОРИНГ ДООЕЛ – КУМАНОВО
+389 (0)31 413 409
+389 (0)75 425 466
servis@kobrasecurity.com.mk info@kobrasecurity.com.mk
ул. Октомвриска Револуција бр. 26/3, 1300 Куманово
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Вршење на дејноста обезбедување на лица и имот во вид на давање на услуги според Законот за обезбедување и позитивните законски прописи на територија на Република Северна Македонија е основна цел на Агенција КОБРА.
Визијата која ја имаме е воедно и наша мисија на делување која придружена со секојдневните работни задачи и активности ја гарантира безбедноста на имот и лица на нашите клиенти. Името на агенцијата е синони за сигурноста и безбедноста која е темел на секоја самостојна и суверена држава. Целите во кои го вложуваме нашиот личен и професионален капацитет се во насока на долгорочен и одржлив безбедносен развој. Безбедноста и сигурноста на клиентите им ја гарантираме преку човечки ресурси и техничка опрема кои се дел од нашето работење. Како репер за успешно функционирање е долгогодишната доверба на нашите задоволни клиенти.

Раководниот тим на Агенција КОБРА е составен од професионалци кои имаат долгогодишно искуство во област на безбедноста и безбедносното работење во државните безбедносни служби  како и безбедноста во приватниот сектор од самото законско основање на приватното обезбедување.
Вработените се избираат според посебни критериуми за физичка и психичка подготвеност, а како основен услов е поседување на лиценца за физичко/техничко обезбедување издадена од Комора на Република Северна Македонија за приватно  обезбедување. Раководниот тим успешно менаџира со над 30 вработени веќе 20 години.

Корисници на нашите услуги се правни и физички лица без дискриминација по ниту еден основ. Основните принципи во однос на политиката за квалитет на услугите кои ги нуди нашата агенција :
  • најголем приоритет се дава наквалитетот на дадените услуги/производи;
  • ориентираност кон клиентите заради исполнување на нивните барањa;
  • флексибилност во работењето и успешна комуникација и соработка со клиентите;
  • конкурентни цени;

Односот со заедницата е двонасочен процес во кој паралелно се пренесува порака до граѓаните и се прима повратна информација од нивна страна. Чувството на безбедност на секој поединец е основна потреба, а воедно и наша задача која успешно ја извршуваме, преку достапноста на терен која ја овозможуваме со помош на нашите вработени. Ние постојано остваруваме директен контакт со граѓаните кои самоиницијативно се информираат за услугите кои ги нудиме за заштита на нивниот имот.

+389 (0)2 2720 240
+389 (0)75 422 299
КОНДОР БС  СКОПЈЕ ДООЕЛ СКОПЈЕ
contact@condor.com.mk
ул. Балканска бр. 1/ II – 21, 1000 Скопје
КОНДОР БС  СКОПЈЕ ДООЕЛ СКОПЈЕ
+389 (0)2 2720 240
+389 (0)75 422 299
contact@condor.com.mk
ул. Балканска бр. 1/ II – 21, 1000 Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Примарна цел на КОНДОР Обезбедување е вршење на услуги од областа на обезбедување на имоти лица насочени кон различни клиенти вклучувајќи мали, средни и големи компании. Компанијата е основана во 2003 година. Примарна цел на компанијата е понуда на високо квалитетна услуга и поради тој факт ние како компанија главниот фокус го ставаме на одржување на кавалитетот во однос на кванитетот (број на вработени). За таа цел ставаме огромен акцент на професионална надградба на нашите вработени со континуиран развој преку имплементација на најнови практики за развој на персонал од областа на обезбедувањето на имот и лица.

Ние сме тип на индустрија која во потполност е зависна од квалитетот на нашиот персонал и поради тоа најголем дел од буџетот за развој го инвестираме во обуки и развој на нашите вработени. Ние знаeме дека успехот на Кондор Обезбедување е во директна корелација со нашите вработени и поради тоа нашите вработени се клучно средство за градење на успехот на компанијата. Нашите вработени се обучени според најновите стандарди за безбедносни служби. Употребуваме разни стратегии за развој на човечки ресурси, со цел да ја подобриме нашата база на вработените, кои очекуваме да генерираат подобрувања на целиот процес на сигурност.Ова вклучува користење на релевантни обуки и програми за развој. Нашите вработени поседуваат повеќе меѓународни сертификати меѓу кои и IATA стандарди за безбедност на аеродроми и авионски сообраќај, сертификати за транспорт на класифицирни информации, разни сертификати за ВИП обезбедување, обезбедување на манифестации и ФИФА сертификати за обезбедување на фудбалски натпревари и други видови на собири и манифестации од јавен карактер.
Во изманитиот период од 16 години се позициноиравме како компанија која нуди висококвалитетна услуга со високо ниво на дискреција и партнерски однос клинет-вршител на услуга. Ние ги третираме нашите клиенти како партнери и сме дел од нивниот нивниот успех. Ние како компанија сме свесни дека понекогаш нашите вработени имаат директен однос со потенциални потрошувачи и клиенти поради нивната изложеност при вршењето на услугата и за таа цел користиме “workshop” обуки за подигнување на нивото на услугата во односот со крајниот потрошувач.

Базата на клиенти која ние како компнија ја имаме и на која сме многу горди ја сочинуваат разни компании почнувајќи од разни финасиски фирми па се до јавни институции. Во нашата рефернетна листа имаме и странски компании како и домашни етаблирани компании. Наши клиенти вклучуваат компании од слободните економски зони, приредувачи на игри на среќа низ целата држава, ланец на маркети застапени низ целата држава, ланец на ресторани, разни мали и средни компании, општини и јавни институции, амбасади и странски резиденции.
Седиштето на нашата компанија се наоѓа во Скопје, но застапени сме со свои канцелкарии во повеќе градови низ државата преку наши испостави меѓу кои и Тетово, Гостивар, Струга, Кавадарци и Велес.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)44 345 111
+389 (0)70 592 455
ЛИНУКС
/
ул. Илинденска бр.62-1, 1200 Тетово
ЛИНУКС
+389 (0)44 345 111
+389 (0)70 592 455
/
ул. Илинденска бр.62-1, 1200 Тетово
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Агенцијата за приватно обезбедување ЛИНУКС  е формирана 2005 год.под решение на МВР на РМ бр.16.8.1-55019/05. До ден денес успеавме да се портретираме себеси како професионална Агенција која во секое време е мотивирана да даде помош и поддршка од областа на обезбедувањето на корисниците на нашите услуги.Потребите и барањата на нашите клиенти се наша приоритетна задача кон која пристапуваме крајно сериозно и со максимално вложен труд при реализација на истите. Ние знаеме дека непочитувањето на правилата за постапување и однесување кон деловните клиенти сериозно го намалува квалитетот на извршување на работните задачи и го редуцира на ниско ниво степенот на безбедност. Покрај јасно утврдените цели ние имаме кориснички утврдена стратегија која предвидува не само висок квалитет на дадени услуги  туку и спремност  во секое време да ги слушнеме забелешките и   потребите на нашите деловни партнери. Постојано ги преиспитуваме нашите цели и нашата безбедносна политика на квалитет,а со цел подобрување и унапредување на компанијата. ЛИНУКС располага со стручен кадар и технички средства од областа на обезбедувањето со што постигнува врвен квалитет при реализација на задачите.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)2 3121 020 
+389 (0)70 205 331
МБИ
/
ул.  50-та Дивизија бр. 34/2-2, 1000 Скопје 
МБИ
+389 (0)2 3121 020 
+389 (0)70 205 331
/
ул.  50-та Дивизија бр. 34/2-2, 1000 Скопје 
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Регистрирана во 1994 година, агенцијата МБИ е првата со најдолга традиција и најголемо искуство во областа на обезбедување на лица и имоти во РСМ..  Агенцијата поседува дозвола за работа бр. 21-42912/1 од 12.12.2000 година, издадена од МВР Скопје. Агенцијата е сертифицирана со систем за управување со квалитет ИСО 9001:2008 . МБИ поседува сопствена политика за квалитет и интерен правилник за работа, со кои се регулира деловниот систем за квалитет. Агенцијата МБИ е член на комората за обезбедување на РМ и дел од интернационалниот тим за обезбедување Securitas Alert Services, со што е во можност за давање на услуги во 25 европски држави и Јужна Америка.
Агенцијата МБИ врши услуги на целата територија на РМ и во соседните земји преку своите претставништва и соработници, со посебно обучен тим со висок степен на професионалност, согласно со сите светски стандарди. Од 1999 година агенцијата со успех пружи услуги за обезбедување на голем број интернационални и хуманитарни организации, странски компании и нивни претставници и резиденции. Тимот го сочинуваат мотивирани млади. Професионални лица, секогаш уредни и со добри манири, во препознатливи униформи со ознаки на агенцијата.По 25 години успешно работење ги изградивме нашите стандарди, стекнавме меѓународни сетификати со што МБИ стана партнер на соработка во обезбедувањето насекаде во Европа

Референтна листа:
  • Европска Комисија – Европска Агенција за Реконструкција,
  • Специјалниот Пратеник на Европска Унија,
  • ЕУ-ФОР во Скопје, <;i>ИОМ,  
  • СОС Детско село,
  •  ВОЛВО,
  • Алкалоид,
  • Сител Телевизија,
  • Централна Кооперативна Банка (сите експозитури низ РМ),
  • Макохемија и др. 
Сите вработени поседуваат лиценца и легитимација за обезбедување со познавање на англиски јазик.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)2 309 3912 
+389 (0)70 276 376  
МДН
/
ул. Црниче бр.20, 1000 Скопје
МДН
+389 (0)2 309 3912 
+389 (0)70 276 376  
/
ул. Црниче бр.20, 1000 Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Во своето долгогодишно постење МДН Обезбедување се профилираше во успешна комапнија која ефикасно се носи со професионалните предизвици и ги превенира безбедносните ризици и закани пред кои се исправени во секојдневното живеење корисниците на нашите услуги. Професионалниот однос кон услугите што ги нудиме е одраз на квалитетен краен производ – Безбедност и заштита
Нашата визија е јасна, само со правилно поставена орагнизациска, мотивирачка и безбедна работна средина до успешна компанија во дејноста приватно обезбедување.

Нашата мисија е утврдување и исполнувања на барањата на корисникот, зголемување на нивното задоволство и воспоставување на меѓусебна лојалност. Планирај, сработи, исполни, провери, делувај се задолжителните процеси низ кои поминуваме при нашето секојдневно работење. Политиката на квалитет во целост се отсликува во нашето работење и извршување на работните и професионални задачи. Преку примена на поставените стандарди за квалитет на услугите кои ги нудиме во областа на приватно обезбедување и заштита, на своите корисници им овозможуваме секојдневно чувство на безбедност. Нашиот менаџерски тим е секогаш високо мотивиран да даде помош и поддршка на своите корисници на услуги, затоа што само така се гради позитивен професионален имиџ. Toa е вистинскиот пат за јакнење на довербата со заедницата и само така се овозможува нивна секојдневна состојба во која што преовладува стабилност, сигурност и безбедност. МДН Обезбедува дава врвна услуга од областа на  физичко обезбедување, техничко обезбедување, мониторинг – патролно обезбедување, видео – мониторинг и транспорт на пари и други вредносни пратки.
ПРЕКУ МДН ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДО ЧУВСТВО НА БЕЗБЕДНОСТ !

Референтна листа на клиенти:
  • Визба Валандово,
  • Х4 Сервис,
  • Бонум,
  • Капитал Банка,
  • ВанХоол,
  • Мак-Прогрес Виница,
  • Мовино,
  • Национална Галерија на РСМ,
  • Адмирал Казино,
  • Астра Казино,
  • Фламинго Хотел и Казино,
  • А1 Македонија,
  • Г-Македонија,
  • TAV Construction,
  • Балфин,
  • ХИВ, Топилница Велес.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)2 2460 161
+389 (0)70 293 365
Натионал АБВ
national.obezbeduvanje@gmail.com www.national–security.mk
бул. Јане Сандански 11/1-26, општина Аеродром, 1000 Скопје
Натионал АБВ
+389 (0)2 2460 161
+389 (0)70 293 365
national.obezbeduvanje@gmail.com www.national–security.mk
бул. Јане Сандански 11/1-26, општина Аеродром, 1000 Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Нашиот тим е составен од лица,професионалци кои веќе од порано имаат искуство работејќи во обезбедување низ разни институции од областа на одбраната и безбедноста. Нашата цел и мото е: Заеднички до поголема безбедност на вашиот имот. Вработените согласно законот за приватно обезбедување,поседуваат лиценци и легитимации од Комора на Р.Македонија за приватно обезбедување.Дозвола за работа издадена од МВР на РМ (2005г),Дозвола за поседување и носење оружје.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)2 3088 500
+389 (0)2 3088 505
НИКОБ
nikob@nikob.com.mk www.nikob.com.mk
ул. ”Борис Трајковски” бр.62, 1000 Скопје
НИКОБ
+389 (0)2 3088 500
+389 (0)2 3088 505
nikob@nikob.com.mk www.nikob.com.mk
ул. ”Борис Трајковски” бр.62, 1000 Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

НИКОБ, национална агенција за обезбедување на лица и имот, е основана во 1998 година во Скопје и е првата судски регистрирана компанија за обезбедување во Р.Северна Македонија. Нашата политика во работењето се заснова на квалитет на услугите кои ги нудиме, користење на напредна технологија и достапност за сите. Ние секогаш сме посветени на работењето и на секојдневно подобрување на квалитетот во сите сегменти на понудените услуги, со што тежнееме и работиме лидерското место да го задржиме засекогаш. Денес НИКОБ го има најголемиот мониторинг центар во Западен Балкан и сме горди на фактот дека повеќе од 7000 задоволни клиенти ги користат нашите услуги, со над 22000 објекти под контрола на Дежурниот оперативен центар. НИКОБ исто така има 90 специјализирани мобилни патролни возила во една смена со 2 минути средно време на интервенција по добиена алармна дојава, сопствена радио мрежа и 70 специјализирани возила за транспорт на пари и вредносни пратки во Република Северна Македонија.
Менаџерскиот тим на компанијата е составен од професионалци со долгогодишно искуство во делот на безбедноста. Од неодамна во компанијата е направена нова систематизација со цел да се остварат новите предизвици на компанијата.
Истата ја поделивме на шест одделни дирекции:

  • Дирекција за централизирано обезбедување
  • Дирекција за физичко обезбедување<>
  • Дирекција за транспорт на пари и вредносни пратки
  • Дирекција за продажба и маркетинг
  • Дирекција за имплементација и сервис
  • Дирекција за административно технички работи

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

/
/
ПАКО СЕКЈУРИТИ
/
ул. Ленинова бр.44 ГТЦ Глобал кат.3/30 Струмица
ПАКО СЕКЈУРИТИ
/
/
/
ул. Ленинова бр.44 ГТЦ Глобал кат.3/30 Струмица
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Друштвото за обезбедување на имот и лица ПАКО СЕЈКУРИТИ ВЗ ДООЕЛ Струмица е основана на 31.03.2017 година,седиштето се наоѓа на Ленинова бр.44 ГТЦ Глобал 2 кат, град Струмица со ЕДБ 4027017526405. Сопственик на субјектот е Васе Ѓоргиев,со седиште на ул.Младинска бр.205/18 град Струмица. Дејноста на субјектот е приватна заштита.Управител на субјектот е истото лице со горенаведените податоци Васе Ѓоргиев. Целта на овој субјект е заштита на лица и имот,со што наша задача е да обезбедиме сигурност на нашите клиенти тие да се чувствуваат безбедно како и нивните објекти да се целосно под наша заштита и контрола.Наша визија од тој агол е целосна посветеност и транспарентност на нашите клиенти,со што нудиме достапност во секое време,сигурност на нашиот клиент, бизнис, дом.
Организациската поставеност во нашата компанија е составена на следниот начин:

  • Сопственик
  • Управител
  • Одговорно лице за продажба
  • Одговорно лице за маркетинг
  • Одговорно лице за физичко обезбедување
  • Одговорно лице за патролно обезбедување
  • Одговорно лице за видео мониторинг
  • Одговорно лице за сервис услуги

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)70 221 081
+389 (0)70 229 645
ПАТРОЛ
/
ул. 11 Октомври бр.25, Центар, 1000Скопје
ПАТРОЛ
+389 (0)70 221 081
+389 (0)70 229 645
/
ул. 11 Октомври бр.25, Центар, 1000Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

ПАТРОЛ Обезбедување е агенција за обезбедување на имот и лица која веќе 10 години постои и опстојува на пазарот на услуги во Република Северна Македонија. ПАТРОЛ Обезбедување постојано се доопремува и усовршува со најнова опрема, технологија и превозни средства неопходни за професионален пристап кон дејноста обезбедување.
Во последните години ПАТРОЛ Обезбедување бележи пораст во обемот на работа поради својата професионалност, точност и исполнителност на задачите, како и дискрецијата и лојалноста кон своите соработници. За безбедноста на нашите клиенти се задолжени искусни, професионални и високоморални личности со високо ниво на спремност да одговорат на сите задачи и предизвици.

Мисијата на Патрол-ЛТД е да одговори на специфичните барања на клиентите со пружање на највисок квалитет на професионални услуги на приватно обезбедување врз основа на меѓусебна доверба.
Патрол-ЛТД е посветена на континуирано подобрување на квалитетот на услугите кои ги овозможува. Со континуирано вложување во вработените, се стреми да ги постигне своите целите и да одговори на очекувањата на клиентите. Нашата посветеност до високи стандарди е во насока на остварување на нашата визија за освојување на довербата на клиентите и пружање на најдобра услуга на приватно обезбедување.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)2 3109 993
+389 (0)2 520 4444 
ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ
sales@pmobile.com.mk
ул. Перо Наков бр 144, 1000 Скопје
ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ
+389 (0)2 3109 993
+389 (0)2 520 4444 
sales@pmobile.com.mk
ул. Перо Наков бр 144, 1000 Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Безбедноста на нашите клиенти е наша примарна дејност од 2003 год. дејноста обезбедување ја обавуваме совесно и одговорно почитувајќи и спроведувајќи ги законските прописи и бележејќи континуиран, стабилен раст и развој во сверата на безбедноста за денес да биде препознатлив бренд на национална компанија за безбедност. ПИТОН ОБЕЗБЕДУВАЊЕ нуди професионалност, точност и оптималност во извршувањето на задачите како и лојалност и дискреција кон своите коминтенти.
Секојдневните обуки на нашиот стручен персонал како и постојаното следење на светските трендови во безбедноста допринесуваат за да постојано се надградуваме и опремуваме. Денес ПИТОН располага со целосна палета на безбедносни производи и тоа физичко, техничко, транспорт на пари и вредносни пратки, патролно обезбедување и мониторинг кој располага со сите начини на алармна комуникација - телефонска, радио RF, IP и GPRS комуникација, како и 24/7 видео мониторинг и над 3000 задоволни клиенти ширум државата.

Долгогодишната работа во областа што ја одбравме за императив, ја збогатиме со увоз на производи од светски признати производители за веднаш потоа да ја добиеме довербата на истите и да се здобиеме со генерално застапништво на одредени брендови.
Професионалниот и дискретен однос, квалитетна и посветена работа, како и висока стручна оспособеност на сите нивоа, се елементите за доверба и успешност на компанијата Перпетумобиле Секјурити, докажана преку низа задоволни клиенти : Владини институции, Државни агенции, Амбасади и Козулати, Странски мисии и организации, Невладини организации, Банки, Бензиски пумпи, Авиокомпании, Маркети, Спортски објекти, Осигурителни компании , Градежни комплекси, Станбени и деловни објекти, Хотели, компјутерски куќи, клиенти од регионот.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)46 266 420 +389 (0)46 262 826
+389 (0)76 262 826
ПИТОН
www.piton.mk
бул. Туристичка комплекс Слобода лок.2, 6000 Охрид
ПИТОН
+389 (0)46 266 420
+389 (0)46 262 826
+389 (0)76 262 826
www.piton.mk
бул. Туристичка комплекс Слобода лок.2, 6000 Охрид
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Перпетуумобиле Секјурити е специјализирана компанија којана пазарот постои веќе 25 години и завзема истакната позиција во индустријата за заштита и безбедност во Северна Република Македонија. Во својата долгогодишна практика, компанијата успешно работи во домашниот и странскиот пазар, применувајќи системи и услуги за превентивна заштита во функција на остварување на интересите и правата на клиентите. Денешниот начин на живеење вo свет кој станува се позависен од најразлични современи уреди што ни го прават секојдневието побезбедно. Перпетуумобиле Секјурити, се вбројува меѓу ретките компании кои нудат софистицирани начини за заштита на Вашиот имот и живот. Со инеграцијата на врвната технологија на светските производители од областа на техничкото обезбедување, со сопственото искуство и знаење имплементираме целосни решенија со највисок степен на безбедност, прилагодени на потребите на нашите клиенти.

Нашата политика во работењето се заснова на професионалност, квалитет и точност на услугата која ја даваме, како и секојдневно надградување и проширување на нашите услуги со една цел - безбедни и задоволни клиенти.
Референтна листа на клиенти:

  • Центар за развој на Југозападен плански регион Струга
  • НУ Завод за заштита на споменици на култура и музеј Охрид
  • НУ Национален Парк Галичица
  • ЛТХ Леарница
  • ОДВ ЕЛЕКТРИК ОХРИД
  • Костал Македонија ДООЕЛ
  • Здравствен Дом Охрид
  • ОТПАД Охрид o Казина Астра Електроник
  • Казина Сенатор Македонија
  • Казина Мактрикс
  • Казина Астра Мастер Бет
  • Казина СИТИ
  • Свисслион Агроплод Ресен
  • ЈЗО Св. Еразмо
  • Свисслион Аграр Ресен
  • ВИТАМИНКА Прилеп
  • Хотели Метропол АД
  • Хотел Гранит
  • НУ Охридско Лето
  • ЈЗУ Општа Болница Охрид
  • Фабрика за трансформатори Макител
  • Салида Петрол
  • Моби Петрол
  • МПЦ ОА – Охрид
  • Универзитет за Информатички Науки и Технологии
  • Мегасеф Секјурити
  • ДАСС Инженеринг
  • ПЗУ ДАРОН
  • ЈЗУ Завод за Нефрологија
  • ЈЗУ Завод за Кардиоваскуларни заболувања
  • Охридска Банка АД Скопје
  • Тутунска Банка АД Скопје
  • Еурокан Земјоделие o Сара Фешн Скопје o Кинг Филд o АНДРОС o ТИНЕКС МТ

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)2 2782 782
+389 (0)75 455 336 
ПРАЕТОРИАН ДООЕЛ
security@praetorian.com.mk
ул. Иван Козаров број 24 локал 23 Т.Ц. Стара Рампа – Кисела Вода, 1000 Скопје
ПРАЕТОРИАН ДООЕЛ
+389 (0)2 2782 782
+389 (0)75 455 336 
security@praetorian.com.mk
ул. Иван Козаров број 24 локал 23 Т.Ц. Стара Рампа – Кисела Вода, 1000 Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Друштвото за обезбедување на имот и лица „ПРАЕТОРИАН“ e семејна компанија, прва регистрирана во новиот Централен Регистар на Република Македонија во 2005 година и со основачки странски капитал. Сопствениците и вработените во фирмата имаат повеќе од 30 години искуство зад себе од областа на полицијата, армијата, обезбедувањето на имот и лица и превенција на криминални и девијантни појави. Сите наши клиенти се третирани со највисоко ниво на почит, услуга и експедитивност во работата, со цел да се обезбеди 100% задоволен клиент на кој му се максимално обезбедени имотот, материјалните добра и најважното неговите најблиски.
Друштвото за обезбедување на имот и лица „ПРАЕТОРИАН“ ( Дозвола за работа бр.16.8.1-76932/05 издадена од МВР на РМ) е специјализирано и регистрирано за дејност која опфаќа вршење услуги на правни и физички лица од областа на:

  1. Обезбедување на имот и лица
  2. Патролно – Мониторинг обезбедување
  3. Обезбедување во вид на 24/7 Видео Надзор
  4. Обезбедување на културни и спортски манифестации.

Патролно и физички обезбедуваме повеќе од 350 објекти на домашни и странски субјекти во главниот град Скопје и околината, во градовите низ Република Македонија обезбедуваме повеќе објекти во соработка со локални Агенции за обезбедување.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)48 427 500
/
СЕКЈУРИТИ МК
/
ул.11-ти Октомври бр.1, Прилеп
СЕКЈУРИТИ МК
+389 (0)48 427 500
/
/
ул.11-ти Октомври бр.1, Прилеп
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Агенција за обезбедување МК е компанија која е регистрирана за давање на услуги од областа на безбедноста и истата работи според Законот за обезбедување имот и лица на Република Македонија.
Агенцијата е формирана во 2003 година од стручни и високообразовани лица од областа на безбедноста и самоодбраната.
Агенција за обезбедување МК своето работење го започна во Прилеп, за денес своето работење го прошири во повеќе градови ширум Републиката.
Низ годините Агенција за обезбедување МК бележи пораст во обемот на работата поради својата професионалност, точност и оптималност во извршувањето на задачите како и лојалност и дискреција кон своите коминтенти. Бројот на вработените во Агенција МК од ден на ден се зголемува, а моментално за сигурноста на нашите клиенти се грижат над 120 наши работници.
Агенција за обезбедување МК во досегашното работење може да се пофали со стекнатата доверба кај многу домашни и странски мали, средни и големи компании, производствени и индустриски капацитети, туристички комплекси, банки, јавни установи, домови и меѓународни организации.
Агенција за обезбедување МК во своето работење постојано се доопремува и усовршува со најнова опрема која е неопходна за професионален пристап кон дејноста обезбедување како и нови превозни средства.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)2 3255 000
/
СЕКЈУРИТИ ГРУП СЕРВИСИС
/
ул.11-ти Октомври бр. 32, 1000 Скопје
СЕКЈУРИТИ ГРУП СЕРВИСИС
+389 (0)2 3255 000
/
/
ул.11-ти Октомври бр. 32, 1000 Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисис е основана Декември 2010 година од страна на професионалци со долгогодишно работно искуство во областа на безбедноста,чиј основен мотив претставува издигнување на дејноста на највисоко професионално ниво,преточување во пракса на целокупното стекнато искуство и воведување на највисоки стандарди во работењето. Секјурити Груп Сервисис на пазарот нуди продукти за Обезбедување достапни на сите физички и правни лица,а решенијата се во согласност со најновите светски трендови.Со овие решенија Секјурити Груп Сервисис го промовира обезбедувањето како потреба на секој граѓанин и на секое правно лице.Нудејќи ги на пазарот својте услуги Секјурити Груп Сервисис користи најсовремена технологија за следење на процесите на обезбедување со соодветно обучени и подготвени кадри.Како водечка компанија во областа за обезбедувањето,Секјурити Груп Сервисис го трасира патот со кој сака да ја оствари сопствената визија и да ги постигне своите цели,утврдувајќи ги нашите централни вредности:

  • Посветеност кон нашите корисници
  • Супериорна вредност
  • Респект кон клиентите
  • Интегритет
  • Врвен квалитет

Нашата визија и нашите вредности се основата за сите наши одлуки во секојдневното работење. Тие треба да претставуваат темел за развој на безбедносната култура која за возврат придинесува до зголемување на довербата. Иднината на нашата компанија ја градиме врз основа на взаемно задоволство помеѓу нашите вработени и корисници. Нудиме услуги кој ги надминуваат барањата на клиентите со постојано подобрување на квалитетот.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389(0)70 790 834
+389 (0)78 966 686
ВАРДАР-ДА
vardarda@gmail.com
ул. Илинденска (Стар трговски центар) – 1230 Гостивар
ВАРДАР-ДА
+389(0)70 790 834
+389 (0)78 966 686
vardarda@gmail.com
ул. Илинденска (Стар трговски центар) – 1230 Гостивар
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Агенцијата за приватно обезбедување “ВАРДАР-ДА” е компанија која е регистрирана за давање на услуги од областа на безбедноста и истата работи според Законот за приватно обезбедување на РСМ. Себеси се гледаме како стабилна компанија која нуди сигурност на своите клиенти преку професионално делување и максимална посветеност за изнаоѓање на соодветните безбедносни решенија.
“ВАРДАР-ДА” има сигурна и долгорочна соработка со своите партнери и клиенти,нашата цел е да се постават стандарди во областа на физичката и техничката заштита на имот и лица,со квалитет и пристапни цени на пазарот. Нашата агенција е формирана во 2004 година од стручни и високообразовани лица од областа на безбедноста и самодбраната.
Во чекор сме со најновите технологии, кои се нудат како кај нас, така и во развиените земји во светот.Зголемениот број на клиенти го потврдува квалитетот на производите и услугите кои што ги нудиме.Располагаме со професионална и уиграна екипа спремна да одговори на сите задачи и проблеми кои се пред нас. Квалитетно и професионално обезбедување по западно-европски стандарди, деловен бон-тон, деловна тајност и бесконфликтно превентивно обезбедување.Застапени се сите можни видови на обезбедување.Физичкото и техничкото обезбедување кое Ви го нудиме има за цел да оствари целосна заштита на имотот, работната средина, заштита на персоналот и вработените и информациите од ризик од повреда, загуба, штета, оштетување од криминална, непријателска или злонамерна активност. Нашата девиза е Доверба, Сигурност, Дискреција.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

/
/
АРМОР
/
/
АРМОР
/
/
/
/
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

АРМОР ОБЕЗБЕДУВАЊЕ е компанија која е регистрирана за давање на услуги од областа на безбедноста и истата работи според Законот за обезбедување имоти и лица на Република Македонија.
Во последниве години АРМОР ОБЕЗБЕДУВАЊЕ бележи пораст во обемот на работата поради својата професионалност, точност и оптималност во извршувањето на задачите како и лојалност и дискреција кон своите коминтенти. Бројот на вработените во Агенцијата од ден на ден се зголемува.
АРМОР ОБЕЗБЕДУВАЊЕ во своето работење постојано се доопремува и усовршува со најнова опрема која е неопходна за професионален пристап кон дејноста обезбедување како и нови превозни средства: моторни возила (патнички и товарни), моторцикли и др.
ПЕРСОНАЛ
Персоналот во АРМОР ОБЕЗБЕДУВАЊЕ го сочинуваат искусни лица од областа на безбедноста, самоодбраната и електро инженери кои се грижат за безрезервна посветеност за безбедноста на нашиот клиент.
ОБРАЗОВАНИЕ
Целокупниот персонал редовно подлежи на обука од областа на криминалитетот и детекција, запазување на дискрецијата и деловната тајна, овластувањата и примена на истите, ракување со огнено оружје и самоодбрана. Исто така целиот персонал е во редовен работен однос, со положен испит за обезбедување и легитимации за вршење на дејност. Обуката и образованието за стекнување со лиценца за обезбедување на нашите го врши посебна наставна група составена од високи полициски службеници професионалци со искуство во областа на безбедноста кои се назначени од страна на Министерот за внатрешни работи на Р.М.

АРМОР ОБЕЗБЕДУВАЊЕ во досегашното работење може да се пофали со стекнатата доверба кај многу домашни и странски мали, средни и големи компании, производствени и индустриски капацитети, туристички комплекси, банки, јавни установи, домови, меѓународни организации, конзулати, делегации итн…

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)2 253 3177
+389 (0)70 331 221
ВИС 
vis.obezbeduvanje@gmail.com 

ул. 1 бр.27, Петрoвец, 1000 Скопје

ВИС 
+389 (0)2 253 3177
+389 (0)70 331 221
vis.obezbeduvanje@gmail.com 

ул. 1 бр.27, Петрoвец, 1000 Скопје

  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Агенцијата за обезбедување на лица и имот Вис Обезбдување е основана на Јануар 2016 год од страна на лица школувани во високи елитни военополициски образовни институции со цел да се понудат најквалитетни услуги на физички и правни лица од областа на обезбедувањето согласно Законот за обезбедување на имоти и лица во Република Македонија Вис Обезбедување, посетува свој 24 часовен моноторинг центар на далечинско пратење на алармните ситем со обучен кадар на оператори. Припадниците на службата за обезбедување се оспособени преку курсеви за боречки вештини, курсеви за телохранители, обуки за активно користење на огнено оружје како и обука за интервентно управување на автомобилите. Едиствени квалификувани да го заштитиме Вашиот стил на живеење:
Наше мото:
Ви стоиме на располагање 24 часа во денот, седум дена во неделата. Тимот за обезбедување е подготвен 24 часа во денот да набљудува и заштитува Вашиот објект, притоа водејќи сметка и за намерите на ненамерните посетители во имотот. Обезбедувањето VAL пратките и транспорт на пари е една од нашите потенцијални обврски кои го извршуваме на софистициран и професионален начин. Нашиот тим е обучен да обезбедува и личности категоризирани според светски стандарди на VIP, PIP и CIP личност.
Наши вредности:
Јасно се фокусираме на потребите на клиентите. Инегритетот го градиме преку актовно работење, вработување на експерти како и развој на безбедносна индустрија. Ја корисиме нашата безбедносна експертиза со цел да ги доведеме решенијата блиску до потребите на клиентите.

Наша мисија
Со инеграција на врвната технологија на светските произведители од областа на техничкото обезбедување на низа активности со кои се занимаваме, услобно од одредени причини се надоврза потребата од проектирање, инжињеринг и изведба на проекти за безбедност на објекти од различен карактер.Асортиманот на производи што ВИС ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ги нуди, инсталира и одржува се состои од:

  • Систем за видео надзор
  • Систем за трансмислија на видео слика
  • Против пожарни системи
  • Систем за електронска заштита на производи од кражба
  • Системи за контрола на пристап
  • Системи за регистрација на работно време
  • Безбедносна метал дектекторска опрема и Х-рау машини
  • GPS солуции
  • Автоматика на врати
  • Видеодомофонски системи
  • Домофонски системи

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

/
+389 (0)75 435 010
ЕУРО СЕКЈУРИТИ дооел 
euroobezbeduvanje@yahoo.com
ул. Луј Пастер бр.1/5 (Палата Македонија), 1000 Скопје
ЕУРО СЕКЈУРИТИ дооел 
/
+389 (0)75 435 010
euroobezbeduvanje@yahoo.com
ул. Луј Пастер бр.1/5 (Палата Македонија), 1000 Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Eуро Секјурити е специјализирана компанија, која завзема истакната позиција во индустријата за заштита и безбедност во Северна Република Македонија.
Во својата долгогодишна практика со повеќе од 20годин, компанијата успешно работи на домашниот пазар, применувајќи системи и услуги за превентивна заштита во функција на остварување на интересите и правата на клиентите. Еуро Секјурити е компанија која што на пазарот нуди услуги за обезбедување на лица и имот со голем акцент во обезбедување пред се на банкарски институции и обезбедување на Вип личности со што услугите се извршуваат со стручно оспособени вработени за физичко обезбедување кои ги поседуваат сите потребни дозволи согласно Законските обврски.
Сите вработени се оспособени преку курсеви за боречки вештини, курсеви за телохранители, обуки за активно користење на огнено оружје.
Вработените се опремени со средства за врски, опрема и прибор за спречување на извршителите на кражби и штети, а облечени според прописите на фирмата. Сите вработени во Еуро секјурити без исклучок, поседуваат Лиценци и Легитимации за обезбедување на лица и имот. Еуро Секјурите се фокусираме на потребите на клиентите, а совот интегритет го градиме преку активното работење, вработување на експерти како и развојот на безбедносната индустрија.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)34 522 222
+389 (0)71 374 697 
ИМПЕРИАЛ СЕКЈУРИТИ СЕРВИС
iss.mk2018@gmail.com 
ул. Климент Охридски бр.49/А, Струмица
ИМПЕРИАЛ СЕКЈУРИТИ СЕРВИС
+389 (0)34 522 222
+389 (0)71 374 697 
iss.mk2018@gmail.com 
ул. Климент Охридски бр.49/А, Струмица
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Друштвото за обезбедување лица и имот Империал Секјурити Сервис ДООЕЛ импорт-експорт Струмица постои од 05.01.2018 година, со седиште на ул.Климент Охридски бр.49/А, Струмица, со ЕМБ 7253729 и ЕДБ МК402718527880. Согласно Законот, друштвото започнува да работи од денот на добивањето на Дозволата за приватно обезбедување во вид на давање на услуги од датум 16.05.2018 година на целата територија на Република Северна Македонија.
Друштвото има свој Амблем (лого) во форма на правоаголник, заоблен во долните два агли, во сина боја, кој во средината има исцртан орел со круна на главата, во златна боја и со сино тело. Во долниот дел под правоаголникот со златни големи букви на латиница е напишан називот IMPERIAL (а под него стои) SECURITY SERVICE.
Основата на компанијата е изградена врз почитување на принципите на професионалност, навременост и лојалност.

Мисијата на компанијата се базира на верувањето дека работењето под ризик е клучно за успех на нашите клиенти. Преку физичко обезбедување надополнето со техничко и патролно обезбедување и постојан мониторинг ја комплетираме контролата врз тој ризик. Наша цел е да поставиме безбедност во сите компексни структури. Доверливоста е еден од нашите приоритети, имајќи во предвид дека таа е многу важна за повеќето компании со кои работиме. Нашата политика на работа се базира на квалитет во услугите, цени достапни за сите и усовршена технологија за да можеме да се имплементираме во сите економски сектори.
Затоа ги имаме имплементирано и верно работиме според ISO стандардите:

  • Акредитиран сертификат ISO 9001:2015 – систем за управување со квалитет;
  • Акредитиран сертификат ISO 14001:2015 – систем за управување со животната средина; и
  • Сертификат ISO 37001:2016 – систем за заштита за управување против корупција.

Со Друштвото управува Управителот. Под Управителот доаѓа функцијата Оперативен менаџер, лице одговорно за постојана координација, организација и контрола на сите останати вработени кои се на работно место – обезбедувач. Тој, дава предлози за нивно унапредување или потребна дополнителна обука со цел напредување на самите вработени, а последователно и на самото друштво. Друштвото во своето работење покрај Законите и подзаконските акти, се раководи и според Статутот на друштвото. Правилник за систематизација на работните места и задачи и Кодекс на однесување и облекување на друштвото.
Друштвото поседува и 5 дозволи за оружје.

На референтната листа на клиенти, меѓу поголемите компании можеме да ги вклучиме:
  • МАМ ДОО СВЕТИ НИКОЛЕ;
  • ФАРМА МЕДИКА КАНАБИС ДОО ВАЛАНДОВО;
  • ЛИМАК ДОО СКОПЈЕ;
  • ПАУЕРАД ИНТ ДООЕЛ СТРУМИЦА;
  • МЕДИКОТЕКА ДООЕЛ СКОПЈE.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)47 242 111
+389 (0)75 340 711
КАРПАТИЈА
/
ул. “ПАНДЕ Ј. КАЈЗЕРО” БР.2 БИТОЛА
КАРПАТИЈА
+389 (0)47 242 111
+389 (0)75 340 711
/
ул. “ПАНДЕ Ј. КАЈЗЕРО” БР.2 БИТОЛА
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Агенцијата за приватно обезбедување ,,Карпатија,, е основана во 2003 година и повеќе од 15 години се грижи за сигурноста и безбедноста на своите клиенти. Долгогодишното искуство, посветеноста на нејзините вработени и постојаното усовршување на услугите кои ги нуди, ја прават Агенцијата една од водечките во оваа област. Дозволите за приватно физичко и за техничко обезбедување што ги поседува Агенцијата и овозможуваат во потполност да ги задоволи потребите на своите клиенти за лично обезбедување како и обезбедување објекти од најразличен вид. Единствена во регионот, Агенцијата за обезбедување Карпатија поседува сертификат за “Безбедност и сигурност на стадиони”.
Карпатија со својата стручна подготвеност, високообучени вработени и напредна технологија ќе ја гарантира личната и имотна безбедност со максимален степен на сигурност. Несебично инвестира во своите вработен, овозможувајќи содржајни кариери исполнети со предизвици. Карпатија цврсто верува во себе и во својот менаџерски тим, насочени сме кон активно работење и никогаш не се откажуваме. Со својата успешна работа и негово залагање, менаџерскиот тим на Карпатија како двигател на сите процеси во компанијата бележи успешни резултати. Затоа што безбедноста на Вашето семејство и Вашиот имот треба да бидат во сигурни раце.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389(0)2 2779 998
+389 (0)75 444 074
ОСА
info@osa.com.mk www.osa.com.mk
ул. Димо Хаџи Димов бр. 124 1000 Скопје
ОСА
+389(0)2 2779 998
+389 (0)75 444 074
info@osa.com.mk www.osa.com.mk
ул. Димо Хаџи Димов бр. 124 1000 Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Агенцијата за приватно обезбедување ОСА е основана во 2000 година, и е првата регистрирана Агенција за обезбедување на лица и имот во државата.
Основач и сопственик на ОСА е г-дин Бранко Бојчевски, кој од формирањето на Агенцијата ОСА успеа да го пренесе своето повеќе од 30-годишно професионално искуство стекнато низ најразличните позиции во Министерството за внатрешни работи, почнувајќи од Полицаец-позорникар па се до Генерал на полицијата на Репубика Македонија, и истото да го имплементира во приватниот безбедносен сектор, на кој начин постепено и сигурно ја изгради ОСА во еден препознатлив бренд и бизнис лидер во оваа индустрија.
Во остварувањето на својата мисија ОСА секогаш се води од принципот на висока професионалност на услугите, со строго утврдени процедури, со голема посветеност во работата, користејќи ги стручните познавања и искуства во проблематиката на безбедноста, примена на светски признаени тактики и методики во справувањето со безбедносните ризици, вложување во професионален кадар и нивен понатамошен развој и едукација, секојдневно следејќи ги технолошките иновации и нивна имплементација во работењето на Агенцијата.
Повеќе од 400 вработени денес секојдневно се грижат за безбедноста на голем број деловни објекти, најголемите банки во земјата, амбасади, индустриски објекти, приватни домови и физички лица, а богатата листа на задоволни долгогодишни клиенти и партнери доволно говори дека примарната цел на нашата дејност е исполнета.
Соочувајќи се предизвиците на променливото и несигурно секојдневие, нашата компанија како еден сегмент од она што значи безбедност во нашето општество, како мисија во работењето си ја превзеде обврската на ГРАДЕЊЕ НА ДОВЕРБА , а не страв!
Посветувајќи се на реализација на својата визија и придржувајќи се кон професионалниот кодекс на делување и законски пропишаните правила и процедури, секојдневно овозоможуваме Вие, Вашиот имот и Вашите вредности да бидат безбедни заедно со Нас.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)47 241 010
/
РОЈАЛ СЕКЈУРИТИ 
agencijazaobezbeduvanje.royal@yahoo.com
Булевар 1-ви мај бр.82 Битола
РОЈАЛ СЕКЈУРИТИ 
+389 (0)47 241 010
/
agencijazaobezbeduvanje.royal@yahoo.com
Булевар 1-ви мај бр.82 Битола
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Цели:
Спречување и откривање на штетни појави и противправни дејствија кои ги загрозуваат животот, телесниот интегритет и достоинството на личноста и имотот што се обезбедува и спречување на негово уништување, оштетување или отуѓување. Обезбедување на квалитетна услуга, професионален однос, максимална заштита и задоволство на корисниците на услугите.

Мисија:
Следење на најновите трендови и користење на најнова опрема од областа на приватното обезбедување при извршување на задачите, постигнување на стабилност, сигурност и безбедност и јакнење на довербата на заедницата.
Визија:
Правилна организациона поставеност, безбедна работна средина, постојано усовршување, мотивираност и професионален однос на успешна компанија на високо место во областа на приватното обезбедување. Меначерскиот тим на Ројал Секјурити го сочинуваат мотивирани и професионални лица со вградена силна одговорност и позитивен став.Задовоството на клиентите, нивната безбедност и доверба е на прво место во мотото на нашата агенција.
Однос со заедницата:
Сите вработени поседуваат безбедносна култура и почитувачки однос кон секој клиент. Покрај грижата за Вашиот имот, Вашиот личен интегритет и јавниот ред и мир, исто така се применуваат и стандардите за заштита на животната средина

Политика на квалитет:
Имплементација на европски стандарди, Исо 9001,Исо 14001 и политики за работа за квалитет под надзор на менаџерите на агенцијата кој се во постојан контакт со клиентите и вработените со цел да се задржи високото ниво на постигнување на целите и професионалниот имиџ.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)33 414 222
+389 (0)78 495 900
АГЕНЦИЈА С&С ДООЕЛ Делчево
ss_obezbeduvanje@yahoo.com
ул.Кочо Рацин бр.10 Делчево 
АГЕНЦИЈА С&С ДООЕЛ Делчево
+389 (0)33 414 222
+389 (0)78 495 900
ss_obezbeduvanje@yahoo.com
ул.Кочо Рацин бр.10 Делчево 
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија

Агенцијата С&С Делчево од своето основање од 2005 година до денес се вбројува во компаниите кои нудат софистицирани начини на заштита. Поседува сопствен 24 часовен мониторинг центар за пратење на алармните системи, тим за физичко обезбедување на имоти и лица како и патролно-интервентна служба. Вработените во агенцијата се опремени со средства за врски, опрема за спречување на извршителите на кражби, облечени се според прописите на фирмата. Со вршење на својата должност, обврска на секој вработен е да делува превентивно во целта на одвраќање при обид за загрозување на безбедноста на одреден објект, имот и лице.
Со интеграција на врвна технологија за техничко обезбедување како и со сопственото искуство и знаење, нудиме целосни решенија со високо ниво на безбедност кои се прилагодени на потребите на нашите клиенти.
Интегритетот го градиме преку активно работење и вработување на експерти од областа на обезбедувањето, при што нашата безбедносна експертиза ја користиме да ги доведеме решенијата блиску до потребите на клиентите.

Однос со заедницата: Професионален и коректен однос и соработка со сите општествени чинители.

+389 (0)2 5511 569
+389 (0)2 552 018

УНА

info@una.mk
www.una.mk 
ул.“16-та Македонска бригада” бр.18, 1000 Скопје
УНА
+389 (0)2 5511 569
+389 (0)2 552 018
info@una.mk
www.una.mk 
ул.“16-та Македонска бригада” бр.18, 1000 Скопје
  • Цел
  • Мисија
  • Референци
  • Однос со заедницата
  • Галерија
Цел Безбедноста и сигурноста на клиентите, нивните објекти и средства е врвен приоритет во нашето работење.

Mисија
Обезбедување безбедност и заштита преку испорака на услуги, на највисоко професионално ниво, прилагодени на специфичните потреби на клиентите.
Задачи
Од клиент до клиент, индивидуално лице или правен субјект, задачите варираат во зависност од потребите и барањата, но типично вклучуваат мониторинг на одреден простор, заштита од криминални активности, како и спречување, реагирање и известување за инциденти.
Визија
Освојување на довербата и надминување на очекувањата на клиентите преку испорака на услуги за обезбедување со највисок квалитет на пазарот, како и постојано подобрување на услугите со инвестирање во комбинацијата: луѓе, технологија и знаење, е наша визија.
Организациска поставеност
Нашите подружници специјализирани за испорака на секторски ориентирани услуги (градежништво, земјоделие, металска индустрија итн.) и специјално делегираните менаџери за секој клиент, целосно ги исполнуваат барањата на клиентите.
Менаџирање
Со меѓусебно почитување и тимска работа, синергија младост и искуство, и менаџерски тим од професионалци и специјалисти со долгогодишна работа во областа безбедност и заштита, успешно се испорачуваат услугите за обезбедување.

Референтна листа на клиенти
Клиенти од различни сектори, средни претпријатија, но и големи индустриски капацитети се дел од референтната листа, а некои од нив се: ДГ Бетон АД - Скопје, Тирена Скави С.П.А Италија, Макстил АД - Скопје, Факом АД - Скопје, Винарија Стоби.

Политика на квалитет на услуги
Испораката на безбедносни услуги со највисок квалитет и одговорниот однос кон исполнувањето на обврските, се од голема значење за нашите клиенти во постигнувањето успешни резултати.

Однос со заедницата
За постигнување на поголема безбедносна заштита на клиентите потребна е и безбедна заедница, односно континуирана соработка и комуникацијата со институциите на локално и централно ниво задолжени за безбедност, заштита и помош.
Професионализмот, пристојното и достоинствено однесување во текот, но и надвор од работното време, во јавноста, на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација, е препознатлива одлика на нашите вработени.